Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Кавадарци обука и презентација на агрометеоролошки мерни станици за смарт земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Кавадарци обука и презентација на агрометеоролошки мерни станици за смарт земјоделство
Агровести

Во Кавадарци обука и презентација на агрометеоролошки мерни станици за смарт земјоделство

Објавено 17/11/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Кавадарци денеска се одржа обука и презентација на агрометеоролошки мерни станици за смарт земјоделство. Инаку, Центарот за развој на Вардарски плански регион, во рамки на програмата за рамномерен регионален развој финансирана од Биро за регионален развој – Министерство за локална самоуправа, го имплементираше проектот „Инсталирање на мерни станици за смарт земјоделство”.

„Паметно или смарт земјоделство” се однесува на употребата информатички технологии, интернет, сензори, системи за локација, роботи и вештачка интелигенција.

– Крајната цел е зголемување на приносот на културите и квалитетот на производот, со оптимизирање на природните ресурси и човечки труд во земјоделското производство, рече Глигор Тодоров, метеоролог.

Директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Сашо Мошев потсети дека проектот за агрометеоролошки станици се спроведува во општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија. Инвестицијата е околу десет милиони денари.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев рече дека квалитетното производство значи и подобар пласман на произведеното.

Присутните имаа можност да слушнат и за функционирањето и придобивките од агрометеоролошките станици. Беше презентирана и страницата www.agrovardar.mk .

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Кавадарцимерни станициобукасмарт земјоделство
Претходен напис МЗШВ заедно со МИОА и Министерството за економија се првите министерства што се дел од пилот постапката за реорганизација
Следен напис Почна откупот на тутунот во Струмичко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?