Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во јули зголемен прометот во индустријата на домашниот пазар на месечно ниво
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во јули зголемен прометот во индустријата на домашниот пазар на месечно ниво
Агровести

Во јули зголемен прометот во индустријата на домашниот пазар на месечно ниво

Објавено 13/09/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На домашниот пазар, во јули во однос на јуни годинава, прометот во индустријата е зголемен за 6.5 проценти, додека во периодот јануари-јули годинава во однос на периодот јануари-јули  минатата година е намален за 0,6 проценти.   

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, прометот во индустријата, вкупно, во јули годинава во однос на јули минатата година,  бележи пад од 13,5 проценти. 

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 35.4  проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.6  порценти, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6 порценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.4  проценти.

Прометот во индустријата, вкупно, во јули во однос на јуни годинава е намален за два проценти, а  во периодот јануари-јули годинава во однос на периодот јануари-јули минатата година, се бележи пад од 13, 3 проценти.

Според ДЗС, прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули годинава во однос на јули минатата година е намален за 0,9 проценти.  

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.6  проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 21.8  проценти, додека пораст бележи кај Капитални производи за 46.4  проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6 проценти. Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули во однос на јуни годинава е зголемен за 6.5 проценти, додека во периодот јануари-јули годинава во однос на периодот јануари-јули  минатата година е намален за 0,6 проценти, информира ДЗС. 

Статистичките податоци покажуваат дека прометот во индустријата на странските пазари, во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, е намален за 18 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 37 проценти, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.8  проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.8 проценти.

Прометот во индустријата на странските пазари, во јули во однос на јуни минатата година, е намален за 5,2 проценти, додека во периодот јануари-јули  година, во однос на истиот период од  2023 година е намален за 6,9 проценти. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Зголемениндустријатајулипрометот
Претходен напис Вкупно 259 лица пријавиле штети од врнежи од град во општина Кавадарци 
Следен напис Лозјето може да биде и хоби: Станоев ја одгледува најубавата винска сорта „Cabernet sauvignon“ и еве што ни откри за неа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?