Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Грција стапува во сила европскиот дигитален ковид пасош
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Грција стапува во сила европскиот дигитален ковид пасош
Агровести

Во Грција стапува во сила европскиот дигитален ковид пасош

Објавено 31/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно објавениот акт, дигиталниот ковид сертификат содржи информации за состојбата на физичкото лице, односно за оној кој го поседува, во случај на вакцинација, резултат од последен брз молекуларен тест (рапид) или ПЦР тест или прележан Ковид-19.

Преку законски акт потпишан од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и објавен во Службен весник, Грција е меѓу првите земји што официјално и во пракса го воведува европскиот дигитален ковид сертификат, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот законски акт ги предвидува начинот на издавање и содржината на сертификатот, а генералниот секретар за координација на Владата Танасис Кондогеоргис, за грчката телевизија ЕРТ утрово објасни дека „Грција заедно со првите неколку земји ќе почне од утре да го спроведува“.

Согласно објавениот акт, дигиталниот ковид сертификат содржи информации за состојбата на физичкото лице, односно за оној кој го поседува, во случај на вакцинација, резултат од последен брз молекуларен тест (рапид) или ПЦР тест или прележан ковид-19.

За сите три опции вклучени се основните лични податоци како што се име и презиме и датум на раѓање.

Во случај на вакцинација, неопходни податоци се вид на вакцина, производител, број и датум на примените дози.

За втората опција, односно негативен резултат од направен тест, сертификатот содржи податоци за видот на тестот, производител на тестот, датум на спроведување и установа во кој бил направен, како и резултатот.

Доколку лицето кое го поседува сертификатот, прележало Ковид-19, тогаш потребен е податок за датумот на позитивен резултат.

Европскиот дигитален Ковид сертификат официјално беше презентиран во петокот во Атина.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ковидсертификат
Претходен напис Речиси 70 отсто од присутните германски инвеститори повторно би инвестирале во Македонија
Следен напис Олабавување на мерките од утре: Без маски на отворено, полицискиот час останува…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?