Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Градско забрзано се гради Откупен центар за земјоделски производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Градско забрзано се гради Откупен центар за земјоделски производи
Агровести

Во Градско забрзано се гради Откупен центар за земјоделски производи

Објавено 05/04/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Градско веќе еден месец се изведуваат градежните работи на проектот за изградба на Откупен центар за земјоделски производи со средства во висина од 5.840.000 денари обезбедени од Министерството за локална самуоправа преку Биро за регионален развој и Вардарски плански регион. Изведувач на градежните работи е „Изгрев инжинеринг” Велес.

Како што информира за МИА градоначалникот Роберт Бешовски, во откупниот центар за земјоделски производи земјоделците од Општина Градско и поширокиот регион ќе може да ги продаваат на големо своите разновидни земјоделски производи. За таа намена ќе биде асфалтирана и оградена површина од 2.200 квадратни метри, која ќе има и осветлување. Со него ќе стопанисува ЈКП „Клепа” од Градско.

“Со изградбата на откупниот центар, земјоделците од општина Градско и поширокиот земјоделски регион ќе имаат местп каде ќе можат на големо да ги продаваат своите земјоделски производи. Со тоа ќе се заштедат пари и време и ќе можат повеќе да се фокусираат повеќе на своето производство”, потенцира Бешовски.

Тој појасни дека планираниот рок за негова изградба е 31 мај.

Земјоделците од Градско и поширокиот регион се едни од поголемите производители на раноградинарски и останати земјоделски производи, кои се пласираат на пазарите во земјава и странство.

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:ГрадскиЗемјоелски производиЈКП Клепаоткупен центар
Претходен напис Расадник за производство на цвеќе, зимзелени и декоративни растенија – „Ристови“
Следен напис На американските производители им се советува да го фрлаат млекото
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?