Поради украинската криза, во Германија граѓаните ги празнат полиците со сончогледово масло во продавниците, а првите угостители веќе го отстранија помфритот од менито поради недостигот на масло и високите цени.
Бидејќи Украина е значаен производител на сончогледово масло и масло од репка, земја од која Германија ги увезува овие производи, Германците стравуваат дека наскоро ќе мора да се откажат од помфритот.
Првите угостители, како што е Фреди Базел од Дармштат, го избришале помфритот од менито. Базел за дневниот весник „Билд“ изјави дека има проблеми со маслото за пржење, а сончогледовото масло станало многу скапо.
Во јануари плаќал 90 центи за литар масло од репка, а денес чини и до четири евра за литар.
Тоа, вели тој, е прескапо и неминовно би било драстично да се зголеми цената на помфритот.

Цените на маслата за јадење во германските супермаркети скокнаа за 29 отсто, а во соседната Австрија, нема проблеми со снабдувањето со масло во супермаркетите.
Во Австрија се нуди масло од семе од репка и сончоглед од домашно производство, но угостителите досега го користеле многу поевтиното украинско масло, кое сега го заменуваат со она од домашно производство.
Австриските власти посочуваат дека снабдувањето со нафта е обезбедено и дека граѓаните не мора да складираат.
