Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Германија се појави африканска свинска чума
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Германија се појави африканска свинска чума
Агровести

Во Германија се појави африканска свинска чума

Објавено 11/09/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првиот случај на африканска свинска чума е потврден вчера во Германија, објави федералната министерка за земјоделство Јулија Клокнер.

„За жал, сомнежот во првиот случај на африканска свинска чума е потврден“, рече Јулија Клокнер откако Институтот Фридрих Лофлер потврди дека дива свиња пронајдена во близина на германско-полската граница починала од африканска свинска чума.

Надлежниот институт соопшти дека во областа каде е пронајдена мртвата дива свиња, „се бараат нови случаи“.

Во последните месеци, случаи на свинска чума се откриени во западна Полска, балтичките земји и Бугарија и Романија.

Африканската свинска чума е безопасна за луѓето дури и ако се консумира месо од заразено животно, но, како што истакна министерката Клокнер, тоа е „во 100 проценти од случаите“ смртоносно кај свињите, диви и домашни.

Земјоделските здруженија во сојузната држава Бранденбург, каде е пронајдена мртвата свиња, стравуваат од ограничувања и забрана за продажба на свинското месо.

„Сега најважно е да се избегне најлошото и да се спречи ширењето на инфекцијата кај свињите во фармите“, рече Хенрик Вендорф, претседател на Здружението на земјоделци во Бранденбург.

Федералното Министерство за земјоделство објави дека е во контакт со Европската комисија, како и со кинеските власти. Кина е позната како најголем увозник на свинско месо од Германија.

Извор: канал5

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:африканска свинска чумаГерманијапојава на африканска свиска чума
Претходен напис И малите производители легално ќе продаваат од дома, АХВ со правилниците директно на терен
Следен напис Детално метео за понатаму: Стабилно, суво и натпросечно топло време
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?