Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во фармите во Брегалничкиот регион може да се чуваат свињи, но под одредени критериуми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во фармите во Брегалничкиот регион може да се чуваат свињи, но под одредени критериуми
Агровести

Во фармите во Брегалничкиот регион може да се чуваат свињи, но под одредени критериуми

Објавено 14/04/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стабилна е состојбата со афринската свинска чума во Брегалничкиот регион. На фармерите, но и на жителите од руралните средини од овој регион дозволено им е да одгледуваат свињи, но под одредени услови. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека оние кои чуваат помалку свињи треба да исполнат помали критериуми, а оние со поголем број и поголеми, но и во двата случаи важи обврската свињите да ги купат од фарми со мал и среден ризик, а треба да добијат и соодветен сертификат од овие фарми.

– До скоро не беше, сега веќе е одобрено и на тие малите кои чуваат, ставено е во повеќе категории, да кажеме има од една до десет мајки да можат да чуват, ама треба да се исполнат некои услови, треба да и биде ограден објектот, односно фармата, а претходно треба да дојде соодветно ветеринарно друштво да направи дезинфекција и со тоа треба да се даде изјава која оди кај ветеринарен инспектор и да се чува повторно свињи. Кај оние кои чуваат повеќе свињи има построги критериуми, рече Сарафимов.

Надлежните од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдуваат состојбата со африканската свинска чума во источниот регион е стабилна, а само во две населени места во кумановскиот регион се на сила рестриктивните мерки за заштита од болеста.

– Во сите други општини, може да се врши репопулација ( повторно населување на животни на фармите) но, само откако ќе бидат преземени сите пропишани мерки за заштита, односно, само откако стандардите во поглед на биосигурносните мерки на фармите бидат подигнати на највисоко ниво и откако по спроведената контрола од страна на официјален ветеринар и направената категоризација, фармата ќе биде категоризирана со среден или низок ризик, се вели во пишаниот одговор од Агенцијата за храна и ветеринарство.

На 15 август 2022 добиточниот пазар во село Облешево, Општина Чешиново – Облешево беше забранет за промет на свињи и на сите останати видови животни, заради потврда на болеста во пет одгледувалишта во Општина Чешиново Облешево. Добиточниот пазар во село Облешево е отворен за продажба на добиток, но не и за свињи.

Сарафимов истакна дека 92 проценти од фармите се во нелегални објекти, што им ги затвора вратите на ИПА фондовите. Тој истакна дека на иницијатива на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се бара модус, како овие објекти да се легализираат, со што ќе имаат пристап до европски пари за оваа намена.

Може да ви се допадне

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни, пет се под контрола, а 24 се изгаснати
Македонците се послаби од европејците – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %
Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
Почнува Меѓународниот саем во Солун – Јапонија почесна земја
Сончево и топло, со температури до 37 степени
Таг:свињи
Претходен напис Почна полнењето со вода и сеидбата на оризовите ниви во Кочанско
Следен напис Рабочее зеркало Вавада для стабильного доступа к сайту
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?