Првпат во Европа кај е дијагностицирана Епизоотичната хеморагична болест (EHD). Регистрирана е во Италија, прво во Сардинија, а потоа и на Сицилија. И во Шпанија веќе има појава на болеста, пренесува Agrarheute.
Симптоми на болеста
Болеста ја предизвикува вирус од родот оrbivirus и клинички не се разликува од болеста син јазик кај преживарите. Преносители се комарци и мушички, но не е опасна за луѓето. За прв пат била дијагностицирана во САД во 1955 година и оттогаш се проширила во Азија, Австралија и Африка. Северноамериканските видови елени и антилопи се особено подложни на инфекции.
📌Epizootic haemorrhagic disease detected for the first time in Europehttps://t.co/mwYxj3dvki
— Outbreak Updates (@outbreakupdates) May 12, 2023
Препознатливи симптоми на болеста се нагло висока температура, летаргија и недостаток на апетит, а се јавува и крвава дијареа. Кај белоопашестиот елен болеста е фатална.
Можат да се разболат козите, овците, биволите, а од домашниот добиток најмногу страдаат говедата. Клиничките симптоми не се разликуваат од болеста син јазик. Тоа може да предизвика значителни загуби на продуктивноста, особено на фармите за млеко. Проблемот кај овците и козите е што може да се разболат без никакви видливи симптоми.
Бидејќи ширењето на вирусот е поврзано со инсектите, најголем број инфекции се јавуваат кон крајот на летото и почетокот на есента, особено во пониските, влажни области. Во моментов нема одобрени вакцини против оваа болест.
