Повикувајќи се на анализа објавена на порталот Pig333, европските медиуми наведуваат дека континуираните загуби во последните години доведоа до напуштање на одгледувањето свињи во Централна Европа, а многу земји најавија големи намалувања на бројот на свињи кои ги чуваат. На пример. само во Шпанија, во 2022 година биле заклани 1.700.000 свињи помалку отколку во 2021 година.
Намалувањето во Централна Европа е структурно и се верува дека е трајно и неповратно. Во Холандија многу маторици се заклани, а фармите се затвораат, додека прасињата се продаваат по астрономски цени. Само во Данска е најавено намалување за 10 отсто на бројот на маторици во 2023 година. Во Германија се колат околу 740.000 свињи неделно, додека пред три години тој број изнесувал над 1.000.000 свињи неделно.
Низ Европа се забележуваат рекордно високи цени на свињите и опаѓање на бројот на свињи. Невозможно е да се знаат точните бројки, но повеќето показатели се дека имало околу 6% до 7% помалку свињи во Европа на крајот на 2022 година (134,3 милиони) од просекот од 2017 до 2020 година (околу 143 милиони), пренесува The pig site.
Популација на свињи во Европа
2017 145.5 милиони
2018 143.5 милиони
2019 143.1 милиони
2020 145.9 милиони
2021 141.6 милиони
2022 134.3 милиони

Податоците од Statista сугерираат дека потрошувачката на свинско месо во Европа ќе се намали за 7,2% до 2031 година наспроти падот на потрошувачката на месо од 2,8%.
Моментално во ЕУ има огромен недостиг на свињи, а засега решение за таа ситуација за жал нема.
Голем бран на загриженост се шири низ Европа, со различни нијанси во зависност од територијата, наведува Pig333.
Во Франција цените се дури и повисоки отколку во Шпанија. Маржата на фармерите е загарантирана, но тоа не е случај за сите други алки во синџирот, кои трпат големи загуби, оценува Pig333.
Во Данска, цената останува далеку под европскиот просек (сепак, оваа цена не го вклучува годишниот бонус што земјоделците го добиваат од кланицата) поради слабоста на извозот во трети земји каде што се главните пазари во земјата. За годинава е најавено намалување на стадата за повеќе од десет проценти.

Во Холандија цената на прасињата надминала дури 100 евра по грло.
Март заврши со историски рекордни цени низ ЕУ. Во Шпанија беше надминат плафонот од две евра за килограм жива мера. Разликата меѓу Шпанија и Германија останува над 25 центи за килограм: повеќе од доволно за да се гарантира добра профитабилност на шпанските фарми, се вели во написот на експертскиот портал Pig333.
Подетални податоци за одгледувањето и продажбата на свињи можете да погледнете на следниов ЛИНК.
