Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовска: Земјоделци, имате обврска да барате од сите пратеници да се забрза процесот на евроинтеграција, тоа е најважниот процес за вас!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовска: Земјоделци, имате обврска да барате од сите пратеници да се забрза процесот на евроинтеграција, тоа е најважниот процес за вас!
Агровести

Николовска: Земјоделци, имате обврска да барате од сите пратеници да се забрза процесот на евроинтеграција, тоа е најважниот процес за вас!

Објавено 20/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заврши скринингот за Поглавје 11 – Земјоделство и Рурален развој и ќе бидам многу директна – Земјоделци, имате обврска да барате од сите пратеници да се забрза процесот на интеграција со Европската Унија, работата е сериозна и тоа е најважниот процес за вас!

Тоа што овде, во Брисел имав прилика да го слушнам, само уште еднаш ми потврди дека ние и немаме избор дали сакаме да бидеме дел од ЕУ, туку мораме. Милијарди евра се одвојуваат за земјоделство, или 1/3 од Буџетот на Унијата и тие се решението за сите мерки за младите земјоделци, руралните жени, за агрокомплексот, за инфраструктура во селата, за модерен живот во руралните средини.

Нашата администрација покажа подготвеност за овој комплициран процес на прилагодување на македонскиот аграр со Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Предводени од Секретаријатот за европски прашања – тимот од МЗШВ, Платежната Агенција и Државниот инспекторат за земјоделство ја презентираа моменталната состојбата во секторот, без ракавици, како што се разговара со најдобри пријатели со цел заеднички да се изнајдат најдобрите решенија.

Но администрацијата може да го сработи својот дел само ако се создадат услови и тоа заедно со земјоделците и луѓето од агросекторот кој треба гласно па дури и алармантно да побараат да нема опструкции на овој европски пат. Никој нема право да ги држи подалеку од достоинствен живот и работа.

Во овој преговарачки процес државата треба да побара помош од сите што имаат искуство и знаење од оваа област. А имаме многу квалитетни и спремни земјоделци, агробизнисмени, експерти кои можат да дадат свој придонес. Треба да се лоцираат и да се повикаат на помош. Ова е државничка работа која не трпи никакви партиски и лични амбиции, туку само знаење и ангажман на најдобрите за успешност на евроинтеграцискиот процес.

Јас верувам во овој процес и во визијата на многу како мене кои сакаат да ги видат земјоделците, привилигирани, богати и задоволни од својата работа, а македонскиот аграр дел од Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Шансата е дадена!

Ленче Николовска

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на средба со земјоделците од Чешиново – Облешево
ЕК одобри државна помош од 41 милион евра за грчките земјоделци
Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, нестабилно и во Полог и Овче Поле
Гоцевски: Производството на вишна е двигател на локалната економија, Општина Делчево ќе продолжи со поддршка на овоштарите
Таг:буџетеумзшвсубвенции
Претходен напис Франк Болен: Клучно е земјоделците да функционираат здружено, има посебни милионски фондови за здруженијата
Следен напис Вавада зеркало актуальные ссылки на сегодня
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?