Од 21 април на сила стапи новиот закон за здравјето на животните кој го поддржува ЕУ сточарството и аквакултурата кон подобра конкурентност и сигурен и безбеден пазар.
Новиот Закон за здравјето на животните (Уредба (EU) 2016/429) и нивните преносливи болести стана употреблив во цела Европска Унија од 21 април, соопшти Европската комисија.
Новата уредба значи дека голем број правни акти се насочени во единствен закон со едноставни и јасни правила кои им овозможуваат на властите да се насочат на клучните приоритети: спречување и искоренување на болести.
Уредбата, која Европскиот парламент и Совет ја освоија во март 2016 година ги објаснува одговорностите на земјоделците, ветеринарите и останатите кои одгледуваат животни и овозможуваат поголема употреба на нови технологии за здравствени дејности кои се занимаваат со нивно лекување. Тоа се надзор на патогени, електронска идентификација и регистрација на животните.
Понатаму таа го прифаќа здравствениот пристап „One Health“, кој овозможува подобро и порано откривање и контрола на болести, вклучувајќи ги и оние кои можат да се пренесат на луѓето. Овој документ ќе помогне да се намали појавата и влијанието на епидемија на животните, како и овозможување поголема флексибилност за прилагодување на правилата за локални околности и новонастанати прашања како што се климата и социјалните промени. Исто така, поставува и подобра правна основа за следење на патогените отпорни на антимикробни средства.
Севкупно, единствениот, сеопфатен и нов закон за здравјето на животните го поддржува ЕУ сточарството и аквакултурата во нивните настојувања кон подобра конкурентност и сигурен ЕУ пазар, што доведува до пораст и вработување во овие важни сектори.
Овој правен акт е дел од пакетот мерки кои Комисијата ги предложила во мај 2013 година за зајакнување на здравствените и безбедносните стандарди за целиот земјоделско-прехранбен синџир. Како таков, тесно е поврзан со Уредбата (EU) 2017/625 („Уредба за службени контроли“). Исто така е и клучен резултат за Стратегијата за здравјето на животните 2007-2013, „Превенцијата е подобра од лечењето“.
Извор: agroklub.com
