Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Дојран изградба на нова пречистителна станица и санација на колекторскиот систем
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Во Дојран изградба на нова пречистителна станица и санација на колекторскиот систем
Шумарство и водостопанство

Во Дојран изградба на нова пречистителна станица и санација на колекторскиот систем

Објавено 13/09/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Дојран заедно и со помош на Владата, успеа да обезбеди финансиски средства за изградба на нова пречистителна станица и санација на колекторскиот систем. Со ова конечно го решаваме деценискиот проблем и уште еднаш на дело докажуваме дека најголем приоритет е нашиот бисер- Дојранското Езеро, објави на Фејсбук градоначачникот на Дојран, Анго Ангов.

Според него, прв пат бил спроведен месечен мониторинг во времетраење од две години за утврдување на квалитетот на водата и изворите на загадување на езерото, а анализите покажале дека ги идентификувале главните извори на загадувањето-постоечката пречистителна станица која недоволно ги пречистува водите поради нејзина застареност и немање соодветна напредна технологија и отпадните води кои се произведуваат во селата на подрачјето на сливот на езерото, а истите не се пречистуваат.

-Согласно овие резултати, Општина Дојран и „Милиеуконтакт“ презедоа итни мерки за отстранување на загадувањето од овие извори, односно беа изготвени две Физибилити студии за пречистување на отпадните води од Пречистителната станица и во селата Фурка, Николиќ и Црничани. Исто така, беше отстранета дел од патеката долж крајбрежјето со што се овозможи природно прочистување на езерото, напиша Ангов.

Додава дека „Милиеуконтакт“и Општина Дојран во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање организирале донаторски настан со цел подигање на свеста за алармантната состојба на Дојранското Езеро и за прибирање на финансиски средства за санирање на истата. Во моментот, Општина Дојран со поддршка од Милиеуконтакт има поднесено апликација за добивање на капитални средства со кои ќе се изгради нова пречистителна станица и ќе се воспостави систем за прибирање и пречистување на водите во Фурка и Црничани.

Тој се осврнува и на квалитетот на водата во езерото, која според резулатите од Институтот за јавно здравје е од втора категорија и е исправна за капење и рекреација.

-Ние како Општина имаме направено многу за заштита на водата во Дојранското Езеро и животната средина и за таа цел имаме склучено договор со „Милиеуконтакт“, односно се ангажирани експерти кои работат на проекти и привлекување финансиски средства за подобрување на квалитетот на водата и во повеќе наврати имам кажано дека квалитетот на водата е добар, но треба да се трудиме сите заедно да го подобриме квалитетот и Дојранското Езеро да го зачуваме и да биде во својот полн сјај, смета градоначалникот Ангов.

Посочува дека прв пат се изработува План за управување со споменикот на природа-Дојранско Езеро, со кој се предвидуваат мерки за следните десет години со кои значително ќе се подобри состојбата на езерото и заштитата на неговиот биодиверзитет и исто така ќе се воспостави одржливо управување со подрачјето.

Инаку, од Општината информираа дека од годинашната сезона, која полека завршува, се задоволни. Очекуваат да се надмине бројката од 100 илјади остварени ноќевања, а покрај домашните голем е бројот на српските туристи кои годинава останувале повеќе денови за разлика од порано кога само транзитирале.

МИА

Може да ви се допадне

Општина Дојран ќе добие нова механизација преку проект на Министерството за локална самоуправа
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Во Преспа продолжува изградбата на канализациона мрежа и пречистителна станица
Дојран ќе добие наколна населба со четири објекти и музеј за артефакти
Општина Дојран организира јавна расправа за Планот за управување со Дојранското Езеро 2026–2035
Таг:анѓо анговдојранпречистителна станица
Претходен напис Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, од утре пораст на температурите
Следен напис (ВИДЕО/ФОТО) Во палетата на производи на „Уни Партс“ – Телескопски натоварувач ER2500F
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?