Во организација на здружението „Млад Сточар“ се одржа првата од низата панел дискусии на тема младите сточари производители во современата трговија, во која земаа учество Сања Митровска, Виктор Стојкоски, Теодора Бошкова, Иван Дургутов како и младите фармери секогаш спремни со интересни прашања. На дискусијата можеа да се слушнат одлични пораки како да се стигне од млад фармер до претприемач.
За да се започне од нула потребно е да се стане претприемач. Таргетирањето на пазарот на почетокот е клучот на успехот. Во целиот процес само со креативноста и упорноста се остава свој печат по кој производот е препознатлив. Со брзи чекори, но полека, без страв од растење, се станува успешен претприемач. Во ова дигитално време во кое живееме неопходно е секој млад сточар да се приклучи во процесот, да научи да ги користи дигитални алатки, со што ќе си го олесни процесот на креирање на успешна приказна. Маркетингот не е луксуз, напротив со него најлесно се стигнува до таргетираната целна група потрошувачи. Одејќи чекор напред овде е и е-трговијата, во која што за жал сточарството сѐ уште не си го има пронајдено своето место иако изобилува со простор и алатки за полесна продажба на готов млечен производ. Преку креативноста го постигнуваме ефектот на додадена вредност на производот, со што се истакнуваме и издвојуваме на пазарот според потребите на таргетираните потрошувачи. Огромниот број на финансиски фондови, кои досега остануваа неискористени токму поради немањето на вакви иницијативи за развој и едукација на сточарството, па и земјоделството општо, се одлична основа за почеток на целиот овој процес.
