Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Демир Капија презентација на користење податоци од мобилни апликации за смарт земјоделство 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Демир Капија презентација на користење податоци од мобилни апликации за смарт земјоделство 
Агровести

Во Демир Капија презентација на користење податоци од мобилни апликации за смарт земјоделство 

Последна измена: 28/06/2023 08:17
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Во Демир Капија се одржа информативна презентација за правилно користење податоци од мобилни апликации за смарт земјоделство, вовед во нов софтвер и надградба на постоечкиот.

Како што информира попладнево градоначалникот Лазар Петров, моментно во Општина Демир Капија има пет мерни станици на различни локации, како дел од проектот „Инсталирање на мерни станици за смарт земјоделство во општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија“. Сите одлично функционираат и вршат електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделските обработливи површини.

– Постоечката апликација METEOBOT е апликација за метеоролошка станица, специјализирана за прецизно земјоделство, која дава информации во реално време за временските услови и почвата во вашите полиња – директно од Метеобот метеоролошките станици. Како надградба на овој технолошки систем, е формирана апликацијата Agrio.mk која претставува практична дигитална алатка за прогноза на болести, со примена на сензори и навремено преземање на превентивни мерки за заштита. Со ова, целосно се олеснува работата, зголемувањето на приносите и истовремено намалување на трошоците во производство, нагласи градоначалникот. 

За сите заинтересирани кои не успеаја да присуствуваат на презентацијата, ќе биде организирана уште една информативна средба до крајот на годината. Подетални информации и упатства наскоро ќе бидат објавени и на веб – страницата на Општина Демир Капија.

Може да ви се допадне

Поскапуваат горивата
Трибина на АХВ во Гостивар за заштита од болеста чума кај овците и козите
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците
Состојба на патиштата
Таг:демир капијамобилни апликацииподатоцисмарт земјоделство
Претходен напис Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
Следен напис РКЕ ја одреди цената на струјата за наредните шест месеци, од 1 декември повторно евтина дневна тарифа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?