Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Дебар вечерва трето запрашување против комарци, пчеларите да ги заштитат пчелите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Дебар вечерва трето запрашување против комарци, пчеларите да ги заштитат пчелите
Агровести

Во Дебар вечерва трето запрашување против комарци, пчеларите да ги заштитат пчелите

Објавено 31/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината, како општа мерка, вечерва ќе биде спроведено запрашување против комарци. 

– Станува збор за третото програмско запрашување против комарци, кое ќе се реализира вечерва од 18 до 6 часот наутро.  Ќе бидат опфатени зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарско Езеро, депонии и пограничниот појас, урбаната населба Дебар, како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата, информираа од општината.

Поради тоа, пчеларите и пчеларските задруги се советуваат да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

– Запрашувањето со апарат за УЛВ ладно запрашување ќе го вршат екипи кои ќе спроведат терестичка, од земја, дезинсекција со цел уништување на комарците. Во случај на појава на неповолни временски услови, како ветар, дожд, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, посочуваат од општината.

Првата ваква акција беше реализирана на почетокот на јуни кога во рамки на програмата на општина Дебар за заштита од разни заразни и паразитски заболувања, што ги пренесуваат глодарите, се реализираше и првата фаза на дератизација (третман против стаорци) во градот. Втората систематска дезинсекција беше релизирана во средината на јули.

МИА

Може да ви се допадне

Авионски третман против комарци по третпат утре во Кавадарци 
Народна банка: Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули 4,68 проценти
Девет активни пожари на отворен простор во државата, три се под контрола
АХВ Демант: НЕТОЧНИТЕ И ПАУШАЛНИ ТВРДЕЊА СОЗДАВААТ ПОГРЕШНА СЛИКА ЗА СОСТОЈБАТА СО БОЛЕСТА СИПАНИЦИ КАЈ ОВЦИТЕ И КОЗИТЕ
Народна банка: ОФИ со средства од 336,4 милијарди денари во вториот квартал, пензиските фондови со најголемо учество
Таг:Дебаркомарци
Претходен напис Авионски третман против комарци по третпат утре во Кавадарци 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?