Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Дебар утре трето запрашување против комарци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Дебар утре трето запрашување против комарци
Агровести

Во Дебар утре трето запрашување против комарци

Објавено 12/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Дебар информираше дека утре, од 18 часот, до 6 часот наутро следниот ден, ќе се реализира третото програмско запрашување против комарци на подрачјето на општината.

Тоа согласно Законот за заштита на населението од заразни болести а врз основа на одлуката на Советот на општина Дебар за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината, како општа против епидемиска мерка, додаваат од општината.

Запрашувањето со апарат за УЛВ ладно запрашување ќе го вршат екипи на друштвото за производство, градежништво, инженеринг, трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци, кои ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.

Ќе бидат опфатени зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарско Езеро, депонии и пограничниот појас, урбаната населба Дебар како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата. Се замолуваат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите, наведуваат од општината.

Посочуваат дека во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Освен двете програмски запрашувања против комарци, кои беа спроведе во јуни и август на подрачјето на општината, на почетокот на август беше реализирана и првата фаза на дератизација (третман против стаорци) во градот. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ДебарЗапрашување против комарци
Претходен напис Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари
Следен напис Три ЕР трактори на ДЗС ќе го гаснат пожарот во кумановско Бељаковце
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?