Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во ЦУК 1.748 повици за итни случаи изминатото деноноќие, еден пожар на отворено
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во ЦУК 1.748 повици за итни случаи изминатото деноноќие, еден пожар на отворено
Агровести

Во ЦУК 1.748 повици за итни случаи изминатото деноноќие, еден пожар на отворено

Објавено 14/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК, кон Единствениот број за итни случаи имало вкупно 1.748 повици. „Реални“ повици за итни случаи биле 39,30 проценти, а имало 60,70 отсто други повици, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни, соопштија од Центарот за управување со кризи.

– Со решавањето, координирањето, на овие повици преку ЦУК, се растоваруваат од такви повици институциите и службите коишто се за итно интервенирање. Како, на пример, кога се јавува болен граѓанин што може да добие совет од службата „Ало докторе“, па не се држи зафатена една линијата на Итната медицинска помош (ИМП) со случај што не е за итна медицинска интервенција, појаснуваат од ЦУК.

Кон полицијата биле упатени 51,12 отсто од повиците, кон ИМП 42,13 проценти, а кон пожарникарите – 3,37 проценти.

– ЦУК ги решава, односно ги координира итните случаи, чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби, се додава во соопштението.

Од регионалниот ЦУК Велес, информираат дека Територијалната противпожарна единица вчера во период од 14 до 14:40 часот со едно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во селото Дурутовец кон село Чолошево.

– Секако, паралелно со ваквите интервенции на пожари на отворено, пожарникарите интервенирале на други пожари во населените места, согласно пријавите за пожар, пишува во соопштението. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:деноноќиеитни случаиотвореноПожарцук
Претходен напис Сончево и релативно топло, температура до 21 степен
Следен напис Од утре задолжително поседување на зимска опрема
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?