Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Брисел почна објаснувачкиот скрининг за Кластер 5 – Ресурси, земјоделство и кохезија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Брисел почна објаснувачкиот скрининг за Кластер 5 – Ресурси, земјоделство и кохезија
Агровести

Во Брисел почна објаснувачкиот скрининг за Кластер 5 – Ресурси, земјоделство и кохезија

Последна измена: 17/07/2023 16:33
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Делегација на Северна Македонија, заедно со делегација на Република Албанија, од денеска до 20 овој месец во Брисел ќе го следи објаснувачкиот скрининг за Кластер 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), станува збор за многу важен и обемен кластер кој регулира пет поглавја поврзани со економскиот развој на земјата како што се: земјоделство и рурален развој, безбедност на храната, ветерина и фитосанитарна политика, рибарство, регионална политика и координација на структурните инструменти, како и финансиските и буџетски одредби.

-Во текот на овие четири дена од објаснувачкиот скрининг за Кластер 5, експерти на Европската комисија ќе ги презентираат пред делегациите на Северна Македонија и Албанија новите директиви и регулативи од легислативата на ЕУ донесени после 2018 година, а нашата делегација треба да ја посочи временската рамка, во која се очекува земјата да ја усвои и вметне новата легислатива во националното законодавство, се посочува во соопштението.

Северна Македонија досега го заврши билатералниот и објаснувачки скрининг за четири кластери, или вкупно 26 поглавја и три области. Останува до ноември оваа година да биде комплетиран и билатералниот скрининг за последните два кластери, односно да завршат скрининг состаноците и за преостанатите седум поглавја – кластерите „Ресурси, земјоделство и кохезија“ и „Надворешни односи“, стои во соопштението од СЕП. 

Може да ви се допадне

Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари
Таг:бриселЗемјоделствомзшвобјаснувачкипоглавјескрининг
Претходен напис СЗО: Мачки во Полска имаат птичји грип, има ризик и за луѓето
Следен напис ЗК Пелагонија: Најавата од млинарите за откуп на пченицата за 9, 10 и 11 денари за килограм ќе доведе до колапс напроизводителите на жито
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?