Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Брисел и денеска тема Македонскиот аграр гледан од европска перспектива
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Брисел и денеска тема Македонскиот аграр гледан од европска перспектива
АгровестиФондови

Во Брисел и денеска тема Македонскиот аграр гледан од европска перспектива

Последна измена: 18/10/2023 18:08
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Брисел – Билатерална скрининг средба за Поглавје 11 – Земјоделство и Рурален развој.

Во салата на Европската Комисија и денеска тема е македонскиот аграр, гледан од европска перспектива.

После успешното претставување на нашата делегација во првиот ден од скринингот, денеска продолжи сесијата со неколку важни сектори од земјоделството кои беа разгледувани заедно со претставниците од Европската Комисија.

Презентации за земјоделските пазари, политиките на квалитет, органското земјоделство и промоцијата на земјоделските производи.

Нивните забелешки, прашања или коментари беа во насока на усогласување на нашата аграрна политика со Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Коментарите најчесто почнуваа со пофални зборови за напредокот кој го има постигнато нашата администрација и се поголемото приближување до европската политика, а сугестиите во насока на подобрување на процесот но и најава за можноста која ја нудат мерките и буџетот на Унијата за поддршка на агросекторот.

Заменик главниот преговарач со ЕУ и државна секретарка во Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Дрита Абдиу Халили со одговорноста која ја носи нејзината позиција, го изменаџира состанокот на високо ниво и пред експертите на Европската комисија од Генералниот директорат за Земјоделство и рурален развој како и Дирекцијата за добрососедство и проширување, потсети на важноста од процесот на прилагодување на македонскиот аграр со Заедничката земјоделска политика на ЕУ, потенцирајќи ја при тоа 2030 како година за членство во Унијата.

Освен Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое е институција носител за ова поглавје, македонската делегација ја сочинуваат и претставници од: Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Државниот земјоделски инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државна комисија за спречување на корупцијата како и на Секретаријатот за европски прашања.

Сите претставници од институциите одговараа соодветно на прашањата, добро подготвени, со бројки и факти кои го потврдуваа напредокот во областите за кои се дебатираше. Исто така се коментираа и состојби кои можат и треба да се подобрат особено во почитувањето на законите и мерки против можна корупција, што секако беше заеднички став како на ДКСК така и на министерот за земјоделство Љупчо Николовски и претставниците од ЕК.

Во дебата на тема трговската размена на овошјето говореше и Државниот секретар на МЗШВ, Реџаил Исмали кои ги потенцираше успесите во извозот на овошје и зеленчук, сектори кои бележат раст и влијаат во зголемувањето на девизниот прилив во државата.

Раководителот на одделение за земјоделство и безбедност на храна во СЕП и координатор на Поглавје 11 и 12 – Безбедност на храна ветеринарна и фитосанитарна политика, Синиша Цветаноски од првиот ден на скринингот го координира претставувањето на нашата делегација и денеска прв беше дојден во салата. Со неговиот коментар ќе го завршам овој краток извештај од лице место – Одличен тим сме!

Ленче Николовска

Може да ви се допадне

Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари
Таг:БриселДКСКинстиуцииЉупчо Николовскипретставницискрининг
Претходен напис Нивото на реката Вардар во Велес од вчера до денес порасна за 36 сантиметри 
Следен напис Сончево со мала до умерена облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?