Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Битуше одржана изложба на македонско овчарско куче караман
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Битуше одржана изложба на македонско овчарско куче караман
АгровестиСаеми и манифестации

Во Битуше одржана изложба на македонско овчарско куче караман

Објавено 29/05/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во организација на Кинолошкиот клуб за македонско овчарско куче „Караман“ и во соработка со македонскиот Кинолошки сојуз и Бигорскиот манастир вчера во селото Битуше беше одржана 10-тата државна изложба за македонското овчарско куче караман.

– Одлучивме изложбата да се одржи токму во Битуше заради тоа што откако станав претседател на клубот најубавите карамани кои од работната дивизија мигрираа во урбаната, беа пронајдени тука затоа што сточарството тука сеуште егзистира за разлика од источниот дел на државата што ни се испразни. Втората, не помалку битна работа, е еден човек а тоа е отец Порфириј Бигорски, кој со благословот на неговиот старец, ја препозна благородната мисија на клубот и се приклучи и ја формира една од најстабилните и несомнено најголема одгледувачница за македонското овчарско куче караман која егзистира во склоп на манастирот, изјави Илија Ико Каров, претседател на Кинолошкиот клуб.

За победници беа прогласени Арија од Бигорскиот манастир, млад клупски победник, Лара на Иван Цветковски од кумановското село Тромеѓа, зрел клупски победник, Бабуш на Валентин Митанов од Прилеп, млад клупски победник и Блеки на Даме Стојановски од Скопје зрел клупски победник.

– Овој значаен настан нема да се случи доколку не ни дадеше целосна поддршка Бигорскиот манастир, поточно цело братство со благослов на неговото преосвештенство г. Партениј, за што искажуваме голема благодарност сите што сме присутни тука, како и кинолошкиот сојуз на Македонија, и секако кинолошкиот клуб за македонско овчарско куче караман, истакна Каров.

Клубот за македонско овчарско куче караман е формиран во 2004 година, но раните почетоци датираат од 1998 година кога браќата Влатко и Марјан Костовски ги симнуваат првите карамани од македонските планини.

– Караманот е старо нова раса. Најраните референци на расата се пронајдени уште во неолитот на овие простори, потоа следи средновековието, каде што се оние најконкретните на логотипот. Кучето што е издвоено на нашето лого всушност е детал од фреската рождество Христово во Курбиново од 1191 година. Македонското овчарско куче караман сеуште егзистира во етничките граници на Македонија, значи не само во географските. Значи се среќава на сите страни, посочува Каров.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:битушекараман
Претходен напис Копар – едногодишно растение што може да се сее од март до август
Следен напис Зелена недела на ЕУ од 3 до 11 јуни, за приближување на еколошката политика на Европската Унија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?