Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во битолското село Егри одбележан Светскиот ден на храната
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во битолското село Егри одбележан Светскиот ден на храната
Агровести

Во битолското село Егри одбележан Светскиот ден на храната

Објавено 20/10/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во битолското село Егри одржа промотивен настан по повод Светскиот ден на храната. Годинава активностите се одвиваат под мотото „Нашите акции се нашата иднина.
Подобро производство, подобра исхрана, подобра животна средина и подобар живот“, со посебна посветеност кон децата од руралните средини.

Целта е да се поттикне нивната свест за значењето на земјоделско-прехранбените системи.

-КОВИД-пандемијата ги наруши земјоделско-прехранбените системи и предизвика невидена глобална економска рецесија, која влијае на егзистенцијата на многумина. Но, начинот на кој ја произведуваме, консумираме и, за жал, ја фрламе храната, предизвикува огромна штета на нашата планета и притисок врз природните ресурси, животната средина и климата. Три милијарди луѓе не можат да си дозволат здрава исхрана, додека прекумерната тежина и дебелината се во постојан пораст ширум светот. Ваквата неефикасност не чини трилиони долари, и што е најважно, денешните земјоделско-прехранбени системи откриваат длабоки нееднаквости и неправди на глобално ниво – истакна постојаната координаторка на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџак.

Селото Егри е едно од деветте активни подрачја каде се спроведува консолидација на земјоделското земјиште во рамки на проект финансиран од ЕУ и ФАО, потсети раководителот на Секторот за консолидација во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Кирил Георгиевски.

-Северна Македонија, како дел од ОН и членка на ФАО, останува посветена на спроведување на проекти и програми чија цел е подобрување на продуктивноста и конкурентноста на земјоделското производство и унапредување на животот во руралните средини. Оваа година ги ангажиравме најмладите за да ги инспирираме да преземат акција и самите да станат херои на храната. Децата во Егри треба да го искористат изобилството на локално знаење за земјоделството и производство на храна, но и да бидат креатори и застапници за Свет без глад и одржлив равој, посочи Георгиевски.

На Светскиот ден на храната се обрати и Кристина Митиќ Арсова, национален тим лидер, ученици од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Егри изведоа пригодна програма и изложба на домашни земјоделски производи, а за учесниците се одржа и предавање на тема „Земјоделско-прехранбени системи и патот на храната од нива до трпеза’’.

Може да ви се допадне

Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Таг:Егри
Претходен напис (Видео) Ослободен еленот кој две години живеел со автомобилска гума околу вратот
Следен напис Сончево со умерена облачност и утринска магла по котлините и речните долини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?