Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Албанија поплавени околу илјада домови и 1.500 хектари земјоделско земјиште, евакуирани стотина семејства
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Албанија поплавени околу илјада домови и 1.500 хектари земјоделско земјиште, евакуирани стотина семејства
Агровести

Во Албанија поплавени околу илјада домови и 1.500 хектари земјоделско земјиште, евакуирани стотина семејства

Објавено 23/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По обилните дождови кои ја погодија целата територија на Албанија, поплавени се околу илјада домови и над 1500 хектари земјоделско земјиште, евакуирани се стотина семејства, оштетени мостови а регистрирана е и една жртва.

Министерот за одбрана, Пиро Венгу, од Мобилниот центар за цивилни вонредни состојби при Националната агенција за цивилни вонредни состојби, го објави прелиминарниот преглед на ситуацијата.

-До сега најпогодени се регионите Лежа, Пешкопеја, Фиер, Берат, Корча, Ѓирокастро и Валона, каде што високите речни текови и обилните врнежи предизвикаа бројни тешкотии на терен. Масовни евакуации, немаме, туку само привремени во неколку општини и тоа 52 семејства евакуирани се во Валона, 18 семејства во регионот Корча, по неколку семејства во останати делови на земјата, изјави Венгу.

Тој додаде дека во Лежа евидентирани се 600 поплавени домови, во Корча, 300, во Валона 52 и 25 домови во Фиер. Регистрана е и една жртва од поплавите во село кај Девол. Покрај тоа, околу 20 мостови се оштетени, од кои некои ќе треба целосно да се обноват.

-Стратегијата на институциите за итни случаи е фокусирана на предупредување, превенција и поддршка на жителите, спречувајќи го влошувањето на ситуацијата во областите најизложени на ризик. Управувањето со каскадата на Дрим, каде се трите најзначајни хидроелектрани, е клучно за да се избегне потенцијално катастрофална ситуација во Скадар, и покрај големите странични текови, посочи Венгу.

Во операциите за спасување и евакуација, дистрибуција на храна и зајакнување на насипите и браните, активно е вклучена и албанската армија.

МИА

Може да ви се допадне

Богатите вкусови на калинката и нејзините производи изложени на Фестивалот на калинка во Валандово
(ВИДЕО) БИК ПРОДАДЕН ЗА 35.000 евра: Нема ниту една година, а на сите тестови покажа дека е најдобар
Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард
Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“
Таг:албанијадримпоплава
Претходен напис Одрон го блокира патот кон Бугарија: прекинат сообраќајот на А2 кај Крива Паланка
Следен напис Општина Ресен најави дезинфекција по поплавите во Царев Двор и Дрмени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?