Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владино координативно тело ќе ја забрза реализацијата на ЕУ проектите во Преспанскиот Регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Владино координативно тело ќе ја забрза реализацијата на ЕУ проектите во Преспанскиот Регион
Агровести

Владино координативно тело ќе ја забрза реализацијата на ЕУ проектите во Преспанскиот Регион

Објавено 31/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Координативно Владино тело за поддршка и одржлив развој на Преспанскиот Регион во соработка со Делегацијата на Европската комисија во Скопје, ќе работи на реализација на проектите во Преспанскиот регион добиени преку ИПА 3 програмата „ЕУ за Преспа“.

Ваквата одлука, како што информира градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски, беше донесена на синоќешната Владина седница, а ќе овозможи координација и забрзување во реализацијата на проектите предвидени со студијата изработена од страна на консултантите од Европската унија за одржлив и економски развој на Преспа.

– По потпишувањето на Преспанскиот договор, беше утврдено дека Преспа е еден специфичен регион со две земји кандидатки и една членка на ЕУ. Како резултат на тоа со директна подршка од тогашниот комесар за проширување Јоханес Хан, беше донесена одлука да се направи студија, со која ќе се овозможи севкупен развој на Преспа. За таа намена двајца консултти од Унијата, шест месеци беа присутни на територија на Преспа, во Албанија, Грција и Македонија и направија прелиминарна студуја во која се опфатени повеќе теми од областа на инфраструктурата, екологијата и туризмот, појасни Гошаревски.

Општина Ресен, додаде градоначалникот, подготвила повеќе проекти од областа на инфраструктурата: изградба на пречистителни станици, канализации, водоводи, раздвој на туризмот со посебен акцент на еко и алтренативен туризам, заштита на жвитоната средина и земјоделието, односно овоштарството, како главна економска гранка во Преспа.

– Општина Ресен подготвени голем број проекти од овие области. Покрај со реализацијата на проектите, Координативното тело ќе координира околу центарот за дијалог што е планиран да се прави, на бреговите на Преспанското Езеро, во селото Долно Дупени, во близина на граничниот премин „Маркова нога” каде секоја година ќе се одржува Форум за Преспа, изјави Гошаревски.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
ОД ШТАЛА ДО РУРАЛЕН ТУРИЗАМ: Како словенечката фарма „Фирбас“ стана европски хит
Европски модел кој инспирира: Како задругата „Мелинда“ во Италија ги спаси семејните фарми
Лекција од соседите: Како српските пчелари САМИ ГО РЕШИЈА ПРОБЛЕМОТ СО ПЛАСМАНОТ на медот
Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Таг:преспа
Претходен напис До петок топло, за викендот дожд, грмежи и ветер
Следен напис Предавање на М-р Христо Кондовски на Економскиот факултет – Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?