Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владата за утре најавува вонредни мерки против високите цени на горивата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Владата за утре најавува вонредни мерки против високите цени на горивата
Агровести

Владата за утре најавува вонредни мерки против високите цени на горивата

Објавено 21/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата константно ја следи состојбата со цените на светските нафтени берзи и за утре во 12 часот најавува седница на која ќе се донесат мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок на горивата.

-Цените на свтетските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се одрази на домашната цена на горивата. Иако на бензинските станици во земјава има убедливо најевтини горива во споредба со регионот се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените на дизелот и на бенизините. Заради тоа Владата утре во 12 часот ќе има седница на која ќе се донесат вонредни мерки за борба против високите цени на бензините со кои ќе се ублажи ценовниот скок, брифираат од Владата.

Од 18 март на бензинските пумпи на ОКТА, Пуцко Петрол, Макпетрол и Лукоил се точи гориво поевтино за два денари од максималната цена што ја определува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за нафтените деривати. Поевтинувањето на горивата доаѓа откако ОКТА им понуди за два денара пониски цени на трговците со нафтени деривати и веќе почна да им испорачува гориво по пониски цени.

Пред пет дена на 13 март министерката за енергетика Сања Божиновска и директорот на ОКТА Димитриос Пасхос на прес-конференција најавија дека до крајот на март ОКТА за два денара ги намалува цените на дизелот и на бензините за трговците што набавуваат горива од компанијата овозможувајќи им на тој начин на трговците на големо и мало оваа придобивка да ја рефлектираат во крајните цени за потрошувачите. Пасхос, тогаш рече дека останува на трговците на големо и мало самостојно да ги утврдуваат продажните цени во согласност со своите комерцијални политики и пазарни услови. 

Со последните две корекции на цената на горивата во земјава што ги донесе РКЕ цената на дизелот се зголеми за 21 денар, а на бензините за 12 денари по литар. Причина за поскапувањата на горивата кај нас и глобално, се случувањата на Блискиот Исток.

МИА

Може да ви се допадне

Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Таг:вестивладаДДВмерки
Претходен напис (ВИДЕО) Протест на оризопроизводителите во Чешиново-Облешево: Скапи репроматеријали, ниска откупна цена и неизвесна сеидба
Следен напис Кампања „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ во Неготино
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?