Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владата работи со сите стекхолдери  за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Владата работи со сите стекхолдери  за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
Агровести

Владата работи со сите стекхолдери  за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски

Објавено 06/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата работи со сите стекхолдери за доаѓање до конечна верзија на законот за заштита од пушењето. Не е во ред децата од најмала возраст да користат ароматизирани вајпови, кои потоа можат да се трансформираат во нешто друго, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одоварајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на целосно реконструираните шест операциони сали на хируршките клиники во Клинички центар „Мајка Тереза“, тој појасни дека увозниците се правдале со тоа дека ќе има шверц со таканаречените вајпови од соседните земји.

– Значи сега не е од едно лошо, алтернативата ни е друго лошо. Не е тоа суштината на оваа реформа. Ние велиме дека секој може да си продава тоа што треба да си продава, но треба да има јасно правило како сето тоа ќе функционира. Не можеме тие барања, ние ајде да дозволиме и понатаму ароматизирани вајпови да се користат, и децава на 11-12 години да ги користат. Тоа не е во ред. Тоа е она кое што ние не сакаме да биде во законот, а тие велат да има еден-два вкуса, ментол да имало. Не е ова шведска маса – малку од ова сакам, малку од она, или правиме холистички пристап, пристап со кој што ќе направиме нешто, или подобро да оставиме вака да биде како што е сега, без контрола, па да видиме до кај ќе стигнеме. Се разбира дека второто не е решение. Се разбира дека првото ќе е решение и мора да имаме рамка. Не може вака, нагласи Мицкоски. 

Тој забележа дека постоечкиот закон има селективна или никаква примена, што според премиерот, е рецидив од минатото, кој сакаат да го канализираат.

– Се пуши каде што нетреба да се пуши. И тука разговаравме со ХОРЕКА групацијата, хотелите, рестораните, клубовите, и тука веќе имаме некакво решение. Но, исто така околу производителите и увозниците ќе се сложите дека на малолетници се повеќе имаме примери каде што се користат и се употребуваат таканаречени вајпови, со вкусови, подвлече Мицкоски.

Министерот за здравство Азир Алиу подвлече дека стратегијата на Владата е сите закони да ги работат синхронизирано и со сите стекхолдери во државата. 

– Тоа го направивме и со овој закон. Ние имавме неколку состаноци на работно ниво со работните групи, но и на политичко ниво во целата процедура беше вклучен и премиерот. Постојано се координираме и синхорнизираме со сите владини и невладини институции и бизнис заедницата. Законот е при крај. Денеска го имам последниот состанок за дополнително да се синхронизираме од правна гледна точка. И ценам дека оваа недела или наредната ќе биде дел од владините процедури, изјави Алиу. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ВладатаЗаконотзаштитаМицкоскипушењестекхолдери
Претходен напис ,,Комуналец” Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
Следен напис Пчелари од Делчево и регионот на првиот Саем на пијанечки мед
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?