Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владата најавува “пет потрошувачки кошници“, синдикалната кошница во јули 65 328 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Владата најавува “пет потрошувачки кошници“, синдикалната кошница во јули 65 328 денари
Агровести

Владата најавува “пет потрошувачки кошници“, синдикалната кошница во јули 65 328 денари

Објавено 21/07/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најмалку 1062 евра му требаат на едно четиричлено семејство да го помине месецот. Минималната кошничка за јули 2025 година се искачи на 65.328 денари, зголемена за 630 денари во однос за претходниот месец.

Најголем дел од трошоците, околу 50 отсто одат за храна, домаќоинство, комуналии, хигиена. Поголема ставка од буџетот, 10.9 отсто е образованието а за здравје се трошат 1.8 проценти од парите.

Храна и пијалоци – 23.682 денари или 36 . 3 %

Станарина, вода, електрична енергија и хреење – 6096 денари или 9.3 %

Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот – 2618 денари 4 %

Со изнајмен стан од 60 квадрати, платени сметки за вода, струја и парно, вредноста на синдикалната кошницата се искачува на 80 703 денари…

ССМ

„Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637 денари односно за 4,20 проценти, додека кај храната и пијалаците за три месеци има зголемување за 2.202 денари односно за 10,25 проценти.“

Од владата предлагааат промена на начинот на пресметување на минималната потрошувачка кошничка. Според премиерот Христијан Мицкоски место досегашната пресметка на минималните трошоци за четиричлено семејство, пресметката треба да се прави за пет различни видови домаќинства.

Христијан Мицкоски

„Претставниците на синдикатите, на работодавачите и на Владата на таа седница ќе разговараат и за потрошувачката кошничка која мислам дека треба да биде поделена во пет сегменти: потрошувачка кошничка за самец, потрошувачка кошничка за млад брачен пар, за тричлено семејство, за четиричлено семејство и потрошувачка кошничка за пензионери. Мислам дека во иднина треба да опфатиме анализа на пет потрошувачки кошнички затоа што потребите на луѓето се според возраста, се разбира, но исто така и потребите на луѓето се во зависност од бројноста, како е сочинета една заедница. “

Изминатиот период трошоците на живот се во постојан раст. И со ребалансот на буџетот владата не ги промени проекции за инфлацијата годинава која треба да се оддржи на ниво од 2.7 проценти.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:буџетвладапотрошувачка кошничкаребаланс
Претходен напис Пензии: Дали со линерното зголемување за 1 000 денари најголем дел од пензионерите ќе бидат оштетени
Следен напис Трипуновски: Откупени околу 40 милиони килограми пченица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?