Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владата најави ваучери за социјалните случаи, пензионери со ниски пензии и невработените
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Владата најави ваучери за социјалните случаи, пензионери со ниски пензии и невработените
Субвенции

Владата најави ваучери за социјалните случаи, пензионери со ниски пензии и невработените

Објавено 09/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нов сет на мерки со кои ќе им се помогне на најранливите категории граѓани најави на прес-конференција на 9 октомври, премиерот Димитар Ковачевски. Дел од овие мерки мора да поминат и собраниски филтер, односно да бидат изгласани од пратениците.

По 3000 денари за четири месеци, или вкупно 12 илјади денари ќе добијат околу 42 илјади граѓани приматели на социјала помош, луѓе со попреченост, родители на деца со попреченост кои имаат до 26 години, оние кои земаат помош за нега, луѓе со потешки заболувања, самохрани родители корисница на минимална помош, невработените, за што се одвоени над 8 милини евра.

Вкупно 6000 денари за 4 месеци, или по 1500 месечно ќе има за пензионерите кои зимаат 11.525 денари пензија, а такви има околу 91 илјада пензионери. Помош од вкупно 3000 денари ќе добијат и пензионерите што зимаат од 11.525 до 14 илјади денари пензија. Во таа група има околу 66 илјади пензионери.

Владата ќе обезбеди и помош за образовните и јавните здравствени установи. Школите ќе бидат на регулиран пазар на струја, за што се обезбедени милион евра. А јавните здравствени претпријатија ќе набавуваат струја од ЕСМ по далеку пониска цена од берзанската.

Ќе има и струја за мерни станици на пумпи за вода, по поволна цена од берзанската, за да не останат без вода граѓаните кои се снабдуваат со пумпи.

Најавена е и помош за приватниот сектор, со поповолни кредити, субвенционирање на проекти за енергетска ефикасност и забрзан поврат на ДДВ.

„Никого нема да заборавиме и да оставиме сам да се справува со последиците од кризата. Кризата ќе ја пребродиме сите заедно, рече Ковачевски на прес-конференција по редовната 88. владина седница.

Може да ви се допадне

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари
Ристески: Како Влада ќе делуваме за заштита на земјоделците поради скапите репроматеријали
Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 денари, а бензините за 1,5 денар
Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Исплатени 1 060 218 денари за оризова арпа од интервентен фонд
Таг:влададенариковачевскипензии
Претходен напис Од 1 декември посебна мерка за помош на производителите на леб, масло и други основни прехранбени производи
Следен напис  Ковачевски: Со нов пакет мерки од над 350 милиони евра ги помагаме најранливите, a за земјоделците издвоивме повеќе од 52 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?