Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владата на вонредна седница донесе одлука за ограничување на маржите 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Владата на вонредна седница донесе одлука за ограничување на маржите 
Агровести

Владата на вонредна седница донесе одлука за ограничување на маржите 

Објавено 20/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата денеска на вонредна седница ја донела предлог одлуката на Министерството за економија и труд за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со која ќе бидат опфатени стотина основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало, леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук,… 

За ова информираше премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека одлуката биле штотуку донесена на онлајн вонредната седница на Владата, која е во тек и дека за повеќе детали ќе информира министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Има, рече Мицкоски, стотици продукти кои што ќе бидат опфатени со оваа мерка.  

–       Ќе имаме вакви акции, кои што ќе траат по месец, месец и половина, два месеци, во која што бруто профитот ќе биде ограничен, односно до ниво од десет проценти за да не ни се случуваат удари по стандардот на граѓаните, изјави Мицкоски, кој денеска присустуваше на почеток на поплочување на улицата „Ванчо Прќе“ во Општина Штип.

Мицкоски, исто така, најави дека континуирано ќе се носат мерки, со кои, како што рече, ќе се обидат да го подобрат стандардот на граѓаните и да се олесни живејачката.

Предлогот, како што беше претходно инофмирано, е изготвен во консултација со трговците и производителите како кракторочна мерка која се предвидува да трае еден месец и да се носи за време на празниците кога обично цените се зголемуваат. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Владатавонредна седницаограничување на маржитеодлука
Претходен напис Укината целосната забрана за движење во шума
Следен напис Објавена есенската кошница, 73 производи со ограничена бруто профитна маржа до 10 проценти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?