Владата на денешната седница ја усвои Националната програма за развој на земјоделството и руралниот развој 2023 – 2027 година.
Во наредните пет години ги поставуваме следниве стратешки цели:
-Подобрување на конкурентноста на земјоделско-прехрамбениот сектор, економската одржливост и приходот на земјоделските стопанства.
-Примена на еколошки практики во производството кои водат кон намалување на влијанието на климатските промени и прилагодување кон истите.
-Обезбедување на одржлив развој на руралните средини и привлекување на млади земјоделци со олеснување на развојот на бизнисите во руралните средини.
Важно за нас е зголемување на производството и повисок квалитет на производите, заштитата на животната средина, безбедноста на храната, здравствена заштита и благосостојба на животните, како и современо конкурентно земјоделство и производи со додадена вредност. Најважно од се, ни е новото земјоделство да обезбеди национална одржливост, самостојност и целосно покривање на потребите за храна.
Поставените стратешки цели ќе ги имплементираме, посветено работејќи заедно со земјоделците и научната јавност.
Фејсбук-статус на министерот Љупчо Николовски
