Владата ја усвои Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година. Креирани се нови две мерки:
-Финансиска поддршка за сончоглед предаден во регистрирани капацитети за откуп директно или преку еден откупувач, каде земјоделските стопанства ќе се поддржат со 5 денари по предаден сончоглед кај регистрирани откупувачи.
-Финансиска поддршка за откупено винско грозје и произведено од сопствен насад од страна на регистрирани производители на вино кои истовремено се регистрирани откупувачи на винско грозје и го преработиле во сопствените капацитети за производство на вино, каде поддршката изнесува 1 денар по килограм откупено винско грозје како и произведено од сопствен насад од реколта 2023 година со максимален износ по корисиник за оваа подмерка е 6.000.000 денари.
Интервентната програма е отворена, и во неа дополнително во текот на годината може да се креираат мерки за финансиска поддршка до секој еден земјоделец, секој сточар.
