Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владата го ограничи извозот на одделни житарици, брашно, сончоглед и сончогледови масла
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Владата го ограничи извозот на одделни житарици, брашно, сончоглед и сончогледови масла
Агровести

Владата го ограничи извозот на одделни житарици, брашно, сончоглед и сончогледови масла

Објавено 11/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Северна Македонија на својата 26-та седница донесе Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки.

Според оваа одлука се ограничува извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед.

Владата на Северна Македонија одлуката за ограничување на извозот на овие стоки ја донесе како превентива за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.

Оваа одлука е донесена како реципрочен одговор на сличните мерки што ги донесоа земјите во регионот.

Во образложението за оваа одлука Владата напоменува дека во Република Северна Македонија, количини на пченица и пченка во приватните млинови, кои се различни од стоковите резерви, има доволно. Тука станува збор за количини за покривање на домашните потреби, односно во млиновите во земјата има преку 50.000 тони залихи од пченица, преку 10.000 тони пченка и над 8.000 тони јачмен, што се должи и на растот на домашното производство на пченица од 195 илјади тони во 2017 година, на 253 илјади тони во 2021 година.

Воедно, Владата на Република Северна Македонија напоменува дека стоковите резерви на основните производи како што се пченица, пченка, јачмен, сончогледово масло, нафтени деривати, и другите производи, ги има во доволни количини и нема потреба од дополнителна интервенција.

Може да ви се допадне

„Органска трпеза 2026“ и „Агромак 2026“ ќе се одржат од 2 до 4 октомври годинава
„Тајм аут“ го прогласи Охридското Езеро за најубаво место во Европа
Заврши жетвата на пченицата и јачменот во битолскиот дел на Пелагонија
Божиновска: Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор
Хеликоптери и „ер трактори“ даваат воздушна поддршка на пожарникарите во гаснење на пожарот кај село Грачани
Таг:пченицапченка
Претходен напис Русија до крајот на годината забрани извоз на над 200 производи
Следен напис Кина го зголемува сопственото производство на храна, ќе ја развива и индустријата за семиња
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?