Еве уште еден одличен начин како да ги искористите печурките кои оваа година навистина многу ги има. Ви предлагаме да направите чорба од печурки.
Потребни се:
- 200 грама печурки (буковка)
- Околу 160 грама шампињони
- 1 главица кромид
- путер
- 3 лажици ладно цедено маслиново масло
- 2 лајци брашно
- 700-800 мл. вода
- 200 мл. млеко
- 100 мл.павлака за готвење
- сол
- црн пипер
- сув зачин
Начин на подготовка:
-Во сад на оган се става путерот да се растопи, па се додава буковката исечена на парчиња. Кратко се пропржува и се додаваат исечените шампињони. Повторно се пропржува кратко и се зачинува по вкус.
-Во тенџере се става маслото да се загрее и се додава ситно исецкан кромид. Кога кромидот малку ќе се пропржи се додава брашното. Со постојано мешање се пржи околу 40 секунди.
-Потоа се додаваат печурките, се преливаат со топла вода и при тоа постојано се меша. Се зачинува со сол , бибер и мешан зачин. Тенџерето се поклопува со капак и се остава чорбата да се вари околу 15 минути.
-Се додава млекото и се повторно се вари уште 5 минути. На крајот се става павлаката и се остава да врие учте малку на тивок оган.
Чорбата од печурки се служи топла.