Голем успех постигна здружението Македонски дестилерии на натпреварот за оценување на ракии „Rakija trophy-wine vision 2024″, во рамки на најголемиот вински саем на Балканот „Wine vision by open Balkan 2024″, информираа денеска од Здружението.
Оттаму посочија дека медалите се освоени во конкуренција на преку 50 дестилерии и 80 етикети на ракии, вињаци, ликери и друго.
– Гран при за најдобра ракија од лоза, освои дестилерија Дамјанов, втора година по ред. Наши дестилерии освоија десет златни медали. Семејните винарии Јаковлевски, Попови, Параџик, како и дестилериите Никан, Манастир, Версус и Слоган. Сребрени медали добија винариите Максимилијан и Параџик, како и Радњански винарија и дестилерија и Слоган дестилерија. Никан дестилерија освои и бронзен медал, појасни Александар Клинчаров, претседател на Здружението.
Тој нагласи дека наградите се потврда за квалитетот и посветеноста и мотив повеќе да прават квалитетни производи од грозје.
МИА