Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Високо ниво на суша во речиси цела Грција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Високо ниво на суша во речиси цела Грција
Агровести

Високо ниво на суша во речиси цела Грција

Објавено 07/08/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со исклучок на неколку области во северниот и централниот дел на земјата и регионот Тесалија, Грција е во услови на суша на различни нивоа по високите температури и ниските врнежи од дожд во текот на минатиот месец, пишува порталот Метео на Националната опсерваторија во Атина, во однос на индексот на суша во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците за влажноста на почвата од Коперник на Европската Унија, голем дел од Крит, Пелопонез, источниот дел на областа Македонија, Тракија и Лезбос се погодени од интензивна или екстремна суша (нивоа четири и пет).

Многу делови од Атика, Евија, централна Грција и Епир, како и многу острови се во состојба на умерена или значителна суша (нивоа два и три).

– По исклучително високите температури и ниските врнежи од дожд во јули, речиси целата земја е во повисоко ниво на суша за сезоната во споредба со почетокот на претходниот месец, пишува во анализата на Метео.

Објаснуваат дека проценката на условите на суша се базира на влажноста на почвата во слојот помеѓу 28 и 100 сантиметри под површината, а содржината на вода во овој слој е клучна за растот и приносот на многу земјоделски култури.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Високо нивоГрцијасуша
Претходен напис На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата, на Блаце пренасочување на твораниот сообраќај
Следен напис Во Грција регистрирани вкупно 26 случаи на вирусот Западен Нил
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?