Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Високите температури неповолни за земјоделството, неопходно наводнување и заштита на посевите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Високите температури неповолни за земјоделството, неопходно наводнување и заштита на посевите
Агровести

Високите температури неповолни за земјоделството, неопходно наводнување и заштита на посевите

Објавено 03/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Топлотниот бран што ја зафати земјава влијае негативно врз земјоделските култури. Поради високите температури доаѓа до интензивна транспирација, а и почвата брзо се суши и поизразено ја губи влагата.

Според агрометеоролозите, ваквите временски услови ќе се одразат и врз повеќегодишните растенија зашто резервите на вода и во подлабоките слоеви на почвата постојано се намалуваат. 

Се препорачува земјоделците да ги наводнуваат културите, особено пролетните, окопните и индустриските, како и да продолжат со грижата за посевите. 

-Потребите за вода кај сите земјоделски култури се големи и перманентни. Затоа, се препорачува наводнување на културите, особено на пролетните, окопните и индустриските култури. Земјоделските производители да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви, со изведување работи во поле, наводнување, уништување плевели, заштита на растенијата од појава и развој на болестите и штетници, редовно следење на посевите и примена на други агротехнички мерки, велат агрометеоролозите од УХМР.

Информираат и дека некои од овошките во овој период се во интензивен раст со појава на зрели плодови, а некои се во фаза на берба.

-Сончевото и топло време беше поволно за зреење на некои видови на овошје како црешата, вишната и некои типови зеленчук. Одредени житни култури се во последната фаза од животниот циклус – созревање, што е исто така многу значајна фаза во нивниот животен циклус, додаваат агрометеоролозите од УХМР. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:Високите температуриземјоделствотонаводнувањенеповолни
Претходен напис До вторник високи температури, во недела услови за дожд, а од среда заладување
Следен напис Лишен од слобода радовишанец, предизвикал пожар додека заварувал 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?