Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Високите температури ги зголемија потребите за вода кај земјоделските култури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Високите температури ги зголемија потребите за вода кај земјоделските култури
Агровести

Високите температури ги зголемија потребите за вода кај земјоделските култури

Објавено 21/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Топлотниот бран што ја зафати земјава негативно влијае врз земјоделството. Почвата брзо се суши и поизразено ја губи влагата поради што е неопходно наводнување, особено на пролетните окопни и на индустриските култури.

Според агрометеоролозите, високите температури влијаат и на повеќегодишните растенија кај кои резервите на вода и во подлабоките слоеви постојано се намалуваат. Можно е, предупредуваат, да дојде до заболувања на некои сорти винова лоза и затоа треба да се посвети поголемо внимание на нивна заштита.

Ваквите временски услови се оптимални само за есенскиот јачмен кој веќе се прибира. 

-Изминатава седмица имавме високи и надпросечни температури. Овие температури влијаат негативно врз земјоделските култури со тоа што доаѓа до интензивна евапотранспирација. Од друга страна, ваквите временски услови беа оптимални за есенскиот јачмен каде се наоѓа во фаза на полна зрелост. Во оваа фаза јачменот се прибира. Некои сорти од виновата лоза кои се во фенофаза заметнување на зрната и формирање гроздови, може да бидат осетливи на инфекции од најзначајните патогени болести како причинителот на пламеница, пепелница и сиво гниење. Затоа треба да се посвети поголемо внимание на нивна заштита. Потребите за вода кај сите земјоделски култури се големи и перманентни. Затоа, се препорачува наводнување на културите, особено на пролетните окопни и индустриски култури, порачуваат агрометеоролозите од УХМР.

Според УХМР, за време на викендот ќе преовладува стабилно време, а од понеделник ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Високите температуриводазголемијаземјоделските културипотребите
Претходен напис Викендов натпросечно топло, од понеделник краткотраен дожд и грмежи
Следен напис Сончево и многу топло, до 40 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?