Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висок водостој на Вардар, Треска и Црна – УХМР предупредува на можни излевања и поплави
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Висок водостој на Вардар, Треска и Црна – УХМР предупредува на можни излевања и поплави
Агровести

Висок водостој на Вардар, Треска и Црна – УХМР предупредува на можни излевања и поплави

Објавено 15/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врнежите во изминатите 24 часа предизвикаа значително зголемување на водостоите во западниот дел од земјата, информира Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според нивните податоци, зголемен е водостојот на сите реки во западна Македонија, а кај дел од нив се очекува дополнително покачување во текот на денот.

Вардар со висок водостој – можни заезерувања во Полошко

До крајот на денот се очекува висок водостој во горниот дел од сливот на реката Вардар. Можно е појава на заезерувања во Полошката Котлина, како и локални излевања на помалите реки и суводолиците во Гостиварскиот и Тетовскиот регион.

И самата река Вардар се очекува да има покачен водостој во текот на денот.

Ризик и во Охридско-Струшко и Пелагонија

Висок водостој се очекува и кај реките Сатеска и Коселска, како и кај останатите водотеци во Охридско-Струшкиот регион, каде на поедини места се можни локални излевања.

Реката Црна веќе има зголемен водостој, а во нејзиниот слив се можни локални излевања, особено во Демиркапискиот и Пелагонискиот регион.

Треска со можни излевања кај Пласница и Лисичани

И реката Треска бележи висок водостој, при што се можни локални излевања во близина на селата Пласница и Лисичани. Зголемување на нивото се очекува и кај нејзината лева притока – реката Кичевска.

Од УХМР апелираат граѓаните да се движат внимателно покрај реките и водотеците во западните делови од земјата поради опасност од високи води.

Дополнително, на изолирани места во источните делови од земјата можно е да има интензивни врнежи, па се препорачува внимателно следење на состојбата и на тие подрачја.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:водостојТрескаУХМРЦрна
Претходен напис ПРОГЛАСЕНА КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КИЧЕВО: Десетици куќи под вода, евакуирани 200 граѓани
Следен напис ЕУ ги одби предлозите на превозниците од Западен Балкан: Можни протести и блокади на граничните премини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?