Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висина на СУБВЕНЦИИ во ГРАДИНАРСТВОТО за 2025 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Висина на СУБВЕНЦИИ во ГРАДИНАРСТВОТО за 2025 година
Субвенции

Висина на СУБВЕНЦИИ во ГРАДИНАРСТВОТО за 2025 година

Објавено 09/02/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата ја донесе Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2025 година

Подмерка 1.3 – Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за градинарско производство на отворено и во пластеници

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засеани и обрани површини со следниве градинарски култури: домати, пипер, лубеница, диња, тиква, грав, боранија, грашок, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, морков, целер, цвекло, пашканат,аспарагус и ротквици;

– Минимум засеана површина за сите култури е 0,2 ха збирно за сите култури;

– Висината на поддршката за домати, пипер, краставици, корнишони, зелка, грав, компир, карфиол, морков и изнесува 30.000 денари по хектар;

– Висината на поддршката за лубеница, диња, модар патлиџан, цвекло, тиква, кромид, боранија, грашок, кељ, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, целер, пашканат, аспарагус и ротквици изнесува 12.000 денари по хектар и

-Висината на поддршката од алинеите 3 и 4 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,2 ха до 10 ха 100%, од 10 ха до 50 ха 60%, од 50 ха до 100 ха 30% и над 100 ха 10% збирно за сите градинарски култури, домашен пазар или остварен извоз во период од 1 јануари до 15 мај 2025 година и се корисници од подмерка 1.3. на оваа уредба;

-Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 120.000 денари по хектар;

-Висината на поддршката за оранжерии кои се загреваат е условена со минимални просечни приноси: домати 50.000 килограми по хектар, пиперки 30.000 килограми по хектар и краставици 80.000 килограми по хектар и

-Висината на поддршката за пластеници кои се загреваат е условена со минимални просечни приноси: домати 20.000 килограми по хектар, пиперки 15.000 килограми по хектар и краставици 32.000 килограми по хектар.

Подмерка 1.4 – Дополнителни директни плаќања за производство под контролирани услови на домати, пиперки и краставица во 2025 година

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства производители на домати, пиперки и краставици во затворени простории за производство во контролирани услови и производството да е продадено на регистриран откупувач во период од 26 декември 2024 година до 25 декември 2025 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

– Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури освен за пиперката од сорта куртовска капија каде висината на директните плаќања изнесува 4 денари односно 5 денари по килограм за предадените количини во период мај-јуни 2025 година и и ноември-декември 2025 година и

-Максималните приноси на одделните градинарски култури по хектар за реализација на оваа подмерка се дадени во Прилог 4 кој е составен дел на оваа уредба

Крајниот рок за поднесување на барање за подмерка 1.4 е 31.мај. 2025 година.

Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.3. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети е до 25 декември 2025 година.

Подмерка 1.5 – Дополнителни директни плаќања за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети

-Корисници на оваа подмерка се сите земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и се корисници од подмерка 1.3. на оваа уредба, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитет за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2024 година до 25 декември 2025 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

-Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури освен за пиперката од сорта куртовска капија каде висината на директните плаќања изнесува 4 денари односно 5 денари по килограм за предадените количини во период мај-јуни 2025 година и ноември-декември 2025 година и

-Максималните приноси на одделните градинарски култури по хектар за реализација на оваа подмерка се дадени во Прилог 4 кој е составен дел на оваа уредба. Крајниот рок за поднесување на барање за подмерка 1.5. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.3. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети е до 25 декември 2025 година.

Извор: Службен весник број 26 од 6.02.2025 година

Може да ви се допадне

Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
Домати полнети со зеленчук и кускус
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Пелагонија: Субвенции нема, откупот закочен, очекуваат поддршка од државата
Полнет модар патлиџан со зеленчук
Таг:градинарсрвозеленчуксубвенции
Претходен напис Висина на СУБВЕНЦИИ за кравјо, овчо и козјо МЛЕКО за 2025 година
Следен напис Висина на субвенции за обележани грла ОВЦИ за 2025 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?