Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници, објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме мерките 2.14, 2.15 и 2.16 кои се донесуваат на директните плаќања во сточарството поточно за заклани бројлер и заклани амортизирани несилки во регистрирани кланични капацитети, како и еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња.
Мерка 2.14: Директни плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани бројлери во период од мај 2020 година до април 2021 година во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло;
-Висината на директните плаќања изнесува 40 денари по пиле.
Мерка 2.15: Директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани амортизирани несилки во период од 01 октомври 2020 година до 30 септември 2021 година во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло;
-Висината на директните плаќања изнесува 80 денари по несилка.
Мерка 2.16: Директни плаќања за произведени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои произвеле за сопствени потреби или продале еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди во период од мај 2020 година до април 2021 година;
-Висината на директните плаќања изнесува 6 денари по пиле за сопствени потреби.
-Висината на директните плаќања изнесува 10 денари за продадено пиле.
Крајниот рок за поднесување на барања за подмерката 2.15.Директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети е според следните периоди:
- до 16 мај 2021 година во период од 1 октомври 2020 година до 31 декември 2020 година,
- до 15 јуни 2021 година во период од 1 јануари 2021 година до 31 април 2021 година,
- до 5 ноември 2021 година во период од 1 мај 2021 година до 30 септември 2021 година.
За подмерките 2.14.Директни плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети и 2.16.Директни плаќања за произведени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди крајниот рок за поднесување на барања е според следните периоди:
- до 1 март 2021 година во период од 1 мај 2020 година до 31 декември 2020 година,
- до 15 јуни 2021 година во период од 1 јануари 2021 година до 31 април 2021 година,
- до 5 ноември 2021 година во период од 1 мај 2021 година до 30 септември 2021 година.