Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висина на субвенциите за 2021 година за одгледување на свињи (женски приплодни грла-маторици, уматичени грла-маторици и одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети)
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Висина на субвенциите за 2021 година за одгледување на свињи (женски приплодни грла-маторици, уматичени грла-маторици и одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети)
Субвенции

Висина на субвенциите за 2021 година за одгледување на свињи (женски приплодни грла-маторици, уматичени грла-маторици и одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети)

Објавено 21/03/2021
Сподели
4 мин. за читање
Breeders pink pigs on a farm in countryside, Farm pig concept
Сподели
Ad imageAd image

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници,   објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме мерките 2.11, 2.12 и 2.13 кои се донесуваат на директните плаќања во сточарството поточно за одгледување на свињи и тоа женски приплодни грла-маторици, уматичени грла-маторици и одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети .

Прочитајте повеќе за поблиските критериуми за директните плаќања во сточарското производство, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка 2.11: Директни плаќања за женски приплодни грла-маторици

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат женски приплодни грла-маторици и поседуваат минимум две грла маторици и истите ќе ги чуваат најмалку до 31.10.2021 година;

-Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по грло-маторица, односно 1.100 денари по грло-маторица за земјоделски стопанства со пријавен број на грла-маторици за финансиска поддршка од минимум шест до максимум 50 грла-маторици.

Мерка 2.12: Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.11 за уматичено грло-маторица

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на маторици и се корисници од подмерка 2.11 на оваа уредба;

-Земјоделските стопанства да се членови или се призната организација на одгледувачи на свињи, а приплодното грло маторица на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка да е заведено во матична книга;

-Земјоделското стопанство да е со минимални капацитети од 50 грла;

-Висината на директните плаќања изнесува 20% по уматичено грло од утврдената висина на поддршка во поддмерка 2.11. од оваа уредба;

Мерка 2.13: Директни плаќања за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети   

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале најмалку пет гоеници во период од мај 2020 година до април 2021 година во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло;

– Висината на директните плаќања за гоеници со тежина од 90 до 130 килограми по грло изнесува 950 денари по грло. Бројот на грла се пресметува скалесто и тоа: од 5-5.000 грла 100%, од 5.001 до 15.000 грла 80%и над 15.001 грла 40%.

-Висината на директните плаќања за гоеници со минимална тежина од 121 килограми по грло изнесува 1.950 денари по грло. Бројот на грла се пресметува скалесто и тоа: од 5-5.000 грла 100%, од 5.001 до 15.000 грла 80% и над 15.001 грла 40%.

стопанства и кои се наведени во барањето.

Спроведување на подмерките на директните плаќања во поглед на утврдување на бројната состојба на приплодни грла-маторици се вршат врз основа на потврди издадени од регистрирани ветеринарни друштва.

Спроведување на подмерката 2.12. на оваа уредба, во поглед на утврдување на бројната состојба на уматичени грла – маторици се врши  врз основа на податоци од матичната книга на признатата организација на одгледувачи на свињи запишана во Регистарот на признати организации на одгледувачи на добиток,  потврдени од признатата организација на одгледувачи на свињи.

Крајниот рок за поднесување на барањата за подмерките 2.11., 2.12., 2.13 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година е до 31 мај 2021 година.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:маторицисвињисубвенции
Претходен напис Висина на субвенциите за 2021 година за обележани грла кози
Следен напис Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд и снег на планините и на повисоките места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?