Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висина на субвенциите за 2021 година за обележани грла говеда
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Висина на субвенциите за 2021 година за обележани грла говеда
Субвенции

Висина на субвенциите за 2021 година за обележани грла говеда

Објавено 16/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници, за обележани грла говеда, објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања во сточарското производство, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка 2.1: Директни плаќања за обележани грла говеда

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и истите ќе ги чуваат најмалку до 31.10.2021 година;

-Висината на директните плаќања изнесува 2.800 денари по грло, односно 3.100 денари по грло за земјоделски стопанства со пријавен број на грла за финансиска поддршка од минимум 10 до максимум 50 грла.

Бројот на обележани грла се пресметува скалесто и тоа:

  • од 1 грло до 100 грла 100%,
  • од 101 грла до 150 грла 70%,
  • од 151 грла до 300 грла 40% и
  • над 301 грла 20%.

Мерка 2.2: Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.1. за основни стада за производство на говедско месо

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда и се корисници од подмерка 2.1 на оваа уредба, имаат минимум 30 грла говеда обележани и евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на говеда, и воедно не се корисници на директните плаќања од подмерка 2.3. од оваа уредба (Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко);

-Висината на директните плаќања изнесува 1.500 денари и се исплаќа за женско грло говедо кое е на возраст од 12 до 24 месеци на 31.10.2021 година.

Крајниот рок за поднесување на барањата за мерките 2.1 и 2.2 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година е до 31 мај 2021 година.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Ќе се УКИНЕ условот висината на субвенциите да зависи од минимум 30% продадено или предадено производство
Исплатени 372 201 760 денари СУБВЕНЦИИ на 4284 одгледувачи на ГОВЕДА
Исплатени 13 925 888 денари на 85 производители на тутун
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ НА ОРГАНСКИ производители на сертифициран материјал, органски производи и насади
Хоџа ја посети подрачната единица во Тетово: Во фокусот аплицирањето за субвенции и услуги за земјоделците
Таг:говедаобележани грласубвенции
Претходен напис Времето денеска облачно со ветер и температури под просекот за овој период на годината
Следен напис Гринпис: Прекумерно загадување во 2020 година во три четвртини од државите во светот и покрај рестрикциите поради пандемијата
1 коментар 1 коментар
  • Игор напиша:
    на 12/04/2021 г. во 16:45 часот

    Дали за аплицирање по точка 2.2 грлото треба да бидеџпредадено во кчанични капацитети, или фармерот треба овие грла да ги чува најмалку до 31.10.2021 година?

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?