Програмата за Директни плаќања за 2022 година се усвои на седница на Влада. Ви пренесуваме дел од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2022 година што се однесува за одгледување свињи.
2.12. Директни плаќања за женски приплодни грла-маторици
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат женски приплодни грла-маторици и поседуваат минимум шест грла маторици и истите ќе ги чуваат најмалку до 30.11.2022 година;
-Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по грло-маторица,
2.13. Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.12. за уматичено грло-маторица
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на маторици и се корисници од подмерка 2.12. на оваа уредба;
-Земјоделските стопанства да се членови или се призната организација на одгледувачи на свињи, а приплодното грло маторица на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка да е заведено во матична книга;
-Земјоделското стопанство да е со минимални капацитети од 50 грла;
-Висината на директните плаќања изнесува 20% по уматичено грло од утврдената висина на поддршка во поддмерка 2.12. од оваа уредба;
2.14. Директни плаќања за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале најмалку пет гоеници во период од мај 2021 година до април 2022 година и кои треба да се предадат во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло;
-Висината на директните плаќања за гоеници со тежина од 90 до 120 килограми по грло изнесува 950 денари по грло. Бројот на грла се пресметува скалесто и тоа: од 5-5.000 грла 100%, од 5.001 до 15.000 грла 80% и над 15.001 грла 40%;
-Висината на директните плаќања за гоеници со минимална тежина од 121 килограми по грло изнесува 1.950 денари по грло. Бројот на грла се пресметува скалесто и тоа: од 5-5.000 грла 100%, од 5.001 до 15.000 грла 80% и над 15.001 грла 40%.
