Владата ја донесе Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2025 година.
Подмерка 1.1 – Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични, зачински растенија и цвеќе.
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои во производната 2024/2025 година имаат засеани и ожнеани површини со следните култури: пченица, јачмен, пченка, ориз,`рж, овес, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, тутун, маслодајна репка за човечка исхрана, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), за засеана или одржувана површина со луцерка, како и едногодишни и повеќегодишни лековити, ароматични, зачински растенија и цвеќе;
-Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;
-Минимум засеана површина збирно за сите култури е 0,5 ха во производната 2024/2025 година со исклучок на тутунот каде што минимум засеаната површина е 0,2 ха и цвеќето за кој минимум засадена површина во 2025 година е 0,2 ха;
-Висината на директни плаќања за сите наведени култури од алинејата 1 од оваа подмерка, без употреба на сертифициран семенски материјал изнесува 6.000 денари по хектар, освен за оризот каде што висината на поддршката изнесува 21.000 денари по хектар со исклучок на сортата чистач (clear fields) коja не е опфатенa со оваа подмерка;
– Висината на директните плаќања за пченица, јачмен и пченка, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар изнесува 13.000 денари по хектар;
– Висината на директните плаќања за сончоглед и маслодајна репка, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар изнесува 10.500 денари по хектар;
– Висината на директните плаќања за ориз, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар изнесува 28.000 денари по хектар со исклучок на сортaта чистач (clear fields) која не е опфатена со оваа подмерка;
Подмерка 1.2 – Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка
– Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерка 1.1. од оваа уредба, кои имаат засеани и ожнеани површини со сончоглед и маслодајна репка и оствареното производство го имаат продадено во преработувачки капацитети, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;
– Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства кои се корисници на подмерка 1.1. од оваа уредба, кои имаат засеани површини со афион во есен 2024 година и пролет 2025 година, имаат одобрение за производство на афион согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и оствареното производство од афионова чушка од реколта 2025 година го продале во регистрирано откупно претпријатие запишано во Регистарот на откупувачи на афион за производство на опојни дроги;
– Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се корисници на подмерка 1.1. од оваа уредба кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица и јачмен и оствареното производство го имаат продадено или складирано кај регистриран откупувач, вклучително и количините произведени за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;
– Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката 1.1. од оваа уредба кои своето производство од пченица и јачмен го употребиле за сопствени потреби за исхрана на добиток регистриран со регистарски број на одгледувалиште, во Регистарот на одгледувачи на животни во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Прифатлив број на животни на површина од 0,7 хектари: едно говедо или еден копитар, односно 10 овци или кози односно 4 свињи;
-Висината на дополнителните директни плаќања е условена со минимални просечни приноси и тоа: 3.000 кг/ха за пченица и јачмен, 1.500 кг./ха за сончоглед, 1.800 кг/ха за маслодајна репка и 300 кг/ха за афион;
– Висината на дополнителните директни плаќања за пченица, јачмен, сончоглед и маслодајна репка изнесува 6.000 денари по хектар и за афионова чушка изнесува 18.000 денари по хектар и
-Висината на поддршката од алинеjaта 6 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 05 до 50 ха 100%, од 50 ха до 100 ха 60% и над 100 ха 30% збирно за сите култури.
