Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висина на субвенции во СТОЧАРСТВОТО за 2023 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Висина на субвенции во СТОЧАРСТВОТО за 2023 година
АгровестиСубвенции

Висина на субвенции во СТОЧАРСТВОТО за 2023 година

Објавено 17/05/2023
Сподели
11 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Институциите се подговени за стартот на новиот модел на субвенционирање.

На сајтот на АФПЗРР е објавена УРЕДБА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА,
КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ
НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2023 ГОДИНА

Ви пренесуваме дел од уредбата, што се однесува на директните и дополнителните плаќања во сточарството.

2.1. Директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година и
-Висината на директни плаќања изнесува 1.400 ден по женско грло кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци

2.2. Дополнителни директни плаќања од подмерки 2.1, 2.4, 2.5 за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои се корисници на подмерката 2.1. од оваа уредба и сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко како корисници на подмерката 2.4 од оваа уредба или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло како корисници на подмерката 2.5 од оваа уредба и
-Висината на директни плаќања изнесува 2.600 ден по женско грло кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.

2.3. Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.1. за основни стада за производство на говедско месо
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда и се корисници на подмерката 2.1 од оваа уредба, имаат минимум 30 грла говеда обележани и евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на говеда, и воедно не се корисници на директните плаќања на подмерката 2.3. од оваа уредба и
-Висината на директните плаќања изнесува 1.500 денари и се исплаќа за женско грло говедо кое е на возраст од 12 до 24 месеци на 30 ноември 2023 година.

2.4. Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови животни (говеда, овци и кози) и сопственото производство и го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко за период од октомври 2022 година до декември 2023 година, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;
-Корисници на Оваа подмерка се и и земјоделските стопанства производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови животни (говеда, овци и кози) за произведеното млеко за период од октомври 2022 година до декември 2023 година, за потребите на сопствениот преработувачки капацитет запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;
-Минимална прифатлива количина млеко изнесува 300 литри месечно по земјоделско стопанство;
-Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко
-Висината на директните плаќања изнесува 6 денари по литар произведено и предадено овчо и козјо млеко.

2.5. Директни плакања за одгледани и заклани грла говеда во регистриран класичен капацитет
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале говеда во регистриран кланичен капацитет запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, за период од мај 2022 година до април 2023 година
-Висината на директните плаќања изнесува 1.500 денари по продадено или заклано грло говедо.

2.6. Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.5 за одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло и се корисници од подмерка 2.5. на оваа уредба, грлата говеда да не грла се помлади од осум месеци и да не се постари од 24 месеци, да имаат минимална тежина од 450 килограми на денот на колење и да се од следните раси: сименталско, оберинталско, монтафонско, херефорд, шароле, абердин ангус, белгиско плаво, лимузин, и истите да се чувани најмалку три месеци во одгледувалиштето до денот пред да се предадат во кланичен капацитет и
-Висината на директните плаќања изнесува 4.000 денари по продадено или заклано грло говедо.

2.7. Директни плаќања за добиено теле по пат на B/O
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на регистрирани говеда кои имаат оплодена крава/јуница по пат на В/О и добиено и регистрирано теле во период мај 2022-април 2023 година,
-Висината на директните плаќања изнесува 1.200 денари по добиено и регистрирано теле и
-Висината на директните плаќања за добиено и регистрирано женско теле по пат на примена на полово преддефинирано семе (sex semen) изнесува 2.500 денари.

2.8. Директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат минимум 30 овци кои се постари од 12 месеци на денот на поднесување на барање за поддршка и се евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на овци/кози и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година и
-Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по грло.

2.9. Дополнителни директни плаќања од подмерки 2.4, 2.8 и 2.12 за обележани грла овци постари од 12 месеци
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко како корисници на подмерката 2.4 од оваа уредба и се корисници на подмерката 2.8. од оваа уредба или предале или заклале јагниња во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло како корисници на подмерката 2.12 од оваа уредба и се корисници на подмерката 2.8. и
Висината на директните плаќања изнесува 1.400 денари по грло.

2.10. Директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на кози кои поседуваат минимум 10 кози кои се постари од 12 месеци на денот на поднесување на барање за поддршка и се евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на овци/кози и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година;
-Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по грло.

2.11. Дополнителни директни плаќања од подмерки 2.4, 2.10 и 2.12 за обележани грла кози постари од 12 месеци

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко како корисници на подмерката 2.4 од оваа уредба и се корисници на подмерката 2.10. од оваа уредба или предале или заклале јариња во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло како корисници на подмерката 2.12 од оваа уредба и се корисници на подмерката 2.10. од оваа уредба и
-Висината на директните плаќања изнесува 1.400 денари по грло.

2.12. Дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8. и 2.10. за предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници на подмерките 2.8. и 2.10. од оваа уредба и кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 1 јануари 2023 година до 25 декември 2023 година и
-Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 400 денари по грло предадено кај регистрирани кланични капацитети.

2.13. Директни плаќања за женски приплодни грла – маторици
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат женски приплодни грла-маторици и поседуваат минимум пет грла маторици и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година и
-Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по грло-маторица.

2.14. Директни плаќања за продадени или заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале најмалку пет гоеници во период од мај 2022 година до јануари 2023 година во регистриран кланичен капацитет и запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло,
-Висината на директните плаќања за гоеници со тежина над 90 килограми изнесува 1.000 денари по грло и
-Бројот на грла се пресметува скалесто и тоа: од 5-5.000 грла 100%, од 5.001 до 15.000 грла 80% и над 15.001 грла 40%.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:2023сточарствосубвенции
Претходен напис Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд
Следен напис Членови на здружението „Ж’та“ од Кавадарци со награди за ракија на меѓународен натпревар во Србија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?