Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вински музеј Кавадарци со околу 13.500 посетители за неполни четири години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вински музеј Кавадарци со околу 13.500 посетители за неполни четири години
Агровести

Вински музеј Кавадарци со околу 13.500 посетители за неполни четири години

Објавено 03/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вински музеј Кавадарци е посетен од околу 13.500 посетители за неполни четири години, информираше денеска директорката Весела Честоева. Таа истакна дека во овој летен период најголем дел од гостите се од различни делови на светот.

– За првата половина од оваа година имаме евидентирано околу 1.600 гости од земјава и странство, лани бројот на посетители изнесуваше околу 3.500, соопшти Честоева.

Таа нагласи дека расте интересот за посета на овој музеј од страна на заинтересирани туристи, ученици, обични граѓани, љубители на историјата, традицијата и културата на овие простори.

– Со отворањето на две винотеки во склоп на винскиот музеј, посетителите не само што може да уживаат во винската приказна на Тиквешкиот регион како најголем лозаровинарски регион во државата, туку имаат можност и да дегустираат од надалеку познатите тиквешки вина и ракии и да си купат од нив, како и маџун, производ од грозје за кој како и за виното, се верува дека има лековити својства, подвлече Честоева.

Таа го најави и претстојниот гурмански викенд што ќе го организира овој музеј во наредниот период, а на кој ќе се спојат тиквешките вина и ракии со традиционална храна, типична за ова поднебје.

Честоева проговори и за активностите што ќе ги реализираат во средината на месецов, мини детска ликовна колонија, што ќе се организира исто како и гурманскиот викенд, во рамките на кавадаречкото културно лето. 

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:13.500 посетителиВински музејкавадарцичетири години
Претходен напис Општина Гевгелија: Граѓаните од утре можат да пријават штета од вчерашното невреме
Следен напис Ангов: Почна изградбата на Пречистителната станица во Дојран
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?