Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Винска визија на Отворен Балкан во Белград ги поканува изложувачите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Винска визија на Отворен Балкан во Белград ги поканува изложувачите
Агровести

Винска визија на Отворен Балкан во Белград ги поканува изложувачите

Објавено 30/04/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Третиот саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе се одржи на Белградскиот саем од 22 до 24 ноември 2024 година со поддршка на владите на Република Србија, Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград.

Саемот Винска Визија на Отворен Балкан е единствена и најголема регионална платформа за поврзување на винарите, дестилаторите, дистрибутерите, како и професионалците од винската индустрија. Саемот од година во година собира сè поголем број излагачи и професионални купувачи, отворајќи нови пазари и деловни можности за домашните производители.

Во 2023 година, саемот собра повеќе од 600 изложувачи од 29 земји, при што беа одржани повеќе од 2.000 B2B состаноци со дистрибутери од повеќе од 40 земји.

-Надоврзувајќи се на успехот и растот што го постигна саемот од година во година, ги покануваме сите излагачи да бидат дел од најголемата винска и дестилеријска манифестација во регионот, која дава можност за презентирање и пласирање на производите на меѓународно ниво, се наведува во соопштението на Стопанската комора на Србија (ПКС) во поканата до изложувачите на Винска Визија на ОБ.

Пријавите за саемот траат до 21 јуни 2024 година, а може да се преземат од официјалната веб-страница на Винска визија на Отворен Балкан: https://exhibitors.winevision.biz

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:белградвинска визијаизложувачитеОтворен Балканпоканува
Претходен напис Времето денеска ќе биде сончево и топло, до 27 степени
Следен напис Индустриското производство во март намалено за 10, 4 проценти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?