Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Винопедија – Дигиталната мапа на македонските винарии за помалку од 24 часа ја посетиле 1000 корисници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Винопедија – Дигиталната мапа на македонските винарии за помалку од 24 часа ја посетиле 1000 корисници
Агровести

Винопедија – Дигиталната мапа на македонските винарии за помалку од 24 часа ја посетиле 1000 корисници

Објавено 04/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во првите 6 месеци од оваа година регистрирани се 100 нови винарии. Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство заклучно со 30 јуни во својот вински регистар евидентира 250 винарии од кои 167 се винарии од физички лица односно семејни винарии, а останатите како комерцијални фирми – винарии.

ВИНОПЕДИА | вински енциклопедии (анг. VINOPEDIA | wine encyclopedias) во склоп на своите активности за потребата и подготовката на првата македонска винска енциклопедија и винска географска карта изврши геолоцирање и дигитално мапирање на регистрирани винарии со цел да овозможи на странските гости и винските ентузијасти брзо и едноставно пронаоѓање и лоцирање на винариите за нивно понатамошно истражување. За помалку од 24 часа од објавувањето на онлајн винската карта повеќе од 1.000 корисници ја посетија и започнаа да ја користат истата.

Онлајн верзија на картата овозможува посебно да се прикажат малите семејни винарии од останатите комерцијални винарии. Во подготовка се англиски печатени верзии на вински карти која ќе бидат издадени наредниот период. Винските карти ќе послужат на транзитните патници и останати туристи што ќе престојуваат во Македонија да се информираат повеќе за винариите, винските рути и винската понуда од македонските семејни и останати винарии.

Квалитетот и сигурноста на објавените информации е обезбедена со поддршка и соработка со УКИМ Факултетот за земјоделски науки и храна – 75 Години ФЗНХ, Катедра за лозарство и винарство и Институтот за овоштарство, лозарство и винарство со професорите Д-р проф. Михаил Петков и Доц. Златко Прцуловски.

На винската карта покрај винариите во соработка со НУК – Независната угостителска комора мапирани се и значајни туристички и историски дестинации, вински продавници и вински музеи, како и угостителски објекти – хотели и вински ресторани кои нудат специјализирани вински дегустации во комбинација со македонски врвни гастрономски специјалитети за љубителите и истражувачите на винските дестинации.

Онлајн винската карта е бесплатна и достапна преку Google Maps на следниот линк: https://cut.li/mwm

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:vinopediaвинопедија
Претходен напис Симптоми на топлински стрес кај домашните животни
Следен напис УХМР за утре најавува локално невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?