Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Винарска визба „Тиквеш“ – Компанија со најголем раст на извозот во регионот за 2022 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Винарска визба „Тиквеш“ – Компанија со најголем раст на извозот во регионот за 2022 година
Магазин

Винарска визба „Тиквеш“ – Компанија со најголем раст на извозот во регионот за 2022 година

Објавено 30/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Винарска визба „Тиквеш“ ја доби наградата за компанија со најголем раст на извозот во регионот за 2022 година, што ја доделува Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан, во соработка со Европската комисија. „Тиквеш“ е единствената македонска компанија што ја добива оваа престижна награда во споменатата категорија.

Наградата е резултат на континуираните напори и активности на „Тиквеш“ за промоција на врвните македонски вина и нивниот пласман на странските пазари, меѓу кои секако најзначајни се и пазарите во земјите од регионот на Западен Балкан, каде вината на „Тиквеш“ се традиционално присутни и одлично етаблирани. Најдобaр показател за успехот на ваквата стратегија е растот на извозот од 64%, остварен во текот на минатата година, а кој во голем дел се должи и на пласманот на вината на „Тиквеш“ на пазарите во регионот.

„Чест ни е што Tиквеш се препознава како формула за успех кој трае. Тоа е така затоа што нашата суштинска вредност не се менува, додека бизнис стратегијата успешно ја адаптираме на светот кој се менува“, изјави генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

„Регионалниот пазар e територија со најголем потенцијал за одржлив раст на извозот, поради фактот што во регионот постои висока свест за брендовите на Тиквеш и препознатливост на квалитетот на нашите вина. Генерално во нашиот регион компаниите од винската индустрија се еден чекор пред компаниите од другите сектори. Веќе настапуваме заеднички на неколку саеми, промовирајќи го регионот како одлична туристичка дестинација, но уште поважно, ги промовираме нашите лозови насади, нашата традиција за производство на вино и нашите локални и автохтони сорти и нивниот квалитет”, истакна Вукиќевиќ, нагласувајќи го значењето и придобивките од регионалната соработка.

Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан (Western Balkans 6 Chamber Investment Forum) е заедничка иницијатива на стопанските и индустриските комори од Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, којшто ги застапува интересите на повеќе од 350.000 компании од регионот, во својата мисија да ја поврзе бизнис заедницата од регионот и да ја обедини во нејзините заеднички интереси.

Наградата за најуспешните компании во регионот, која е поддржана и од Европската комисија, е востановена по повод тригодишнината од почетокот на имплементацијата на Акцискиот план за создавање на заеднички регионален пазар, како и 30-годишнината од создавањето на заедничкиот пазар на ЕУ.

Со церемонијата на доделување на наградите на најуспешните компании во регионот, беше најавен состанокот насловен „Еден регион, една економија – напредок кон единствениот пазар на ЕУ за бизнисите од Западен Балкан“, што се одржува во Скопје, во рамки на платформата за економска соработка помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:тиквеш
Претходен напис Минатата година е регистрирано намалување на земјоделските површини, а зголемување на производството кај сите посеви, освен кај краставиците
Следен напис За викендот променливо облачно и топло, од понеделник заладување со дожд и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?