Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Винариите да склучуваат договори за откуп на грозје, бараат „Тиквешки лозароовоштари”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Винариите да склучуваат договори за откуп на грозје, бараат „Тиквешки лозароовоштари”
Агровести

Винариите да склучуваат договори за откуп на грозје, бараат „Тиквешки лозароовоштари”

Објавено 08/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Винариите навремено да склучуваат договори за откуп на грозје, бараат од регионалното здружение „Тиквешки  лозароовоштари”. Претседателот на здружението, Дане Јошев во изјава за МИА, рече дека според нивните пресметки, грозјето од годинешнава реколта треба да ја има цената од 30 денари за килограм „вранец” и 25 денари за „смедеревка”. 

– Доколку винарниците навреме склучуваат договори со нас лозаропроизводителите, ние ќе знаеме уште на стартот на лозарската сезона, дали да ги обработуваме лозјата или да ги оставиме. Во таквите обврзувачки договори винарите да се обврзат околу количината што планираат да ја откупат, шеќерноста на гроздовите зрна и цена по килограм грозје. Ние лозаропроизводителите, согласно на договорите, да сме обврзани да однесеме квалитетно грозје, појасни Јошев. 

Тој нагласи дека засега, само некои винарии склучуваат такви договори за откуп со лозари. 

– Некои од нив пристапуваат кон склучување на договор со производители на грозје, обврзувајќи ги токму од нив да обезбедат заштитни средства или пестициди за заштита на лозовите насади. Ние инсистираме на тоа конечно да пристапиме кон регулирани меѓусебни односи лозар – винар. Доколку е потребно, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да биде еден вид медијатор помеѓу нас, посочи Јошев. 

Тој потсети, дека, дури и да се дојде до договор помеѓу двете страни, за време на откупот на грозјето, надлежните инспекциски органи да бидат постојано на терен, да контролираат дали договорените работи докрај се почитуваат во праксата. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бараатвинариитегрозједоговориоткупТиквешки лозароовоштари
Претходен напис Досега поднесени 580 пријави до Општина Валандово за штетите од невремето од 2 јули
Следен напис Балканот повторно зафатен од топлотен бран
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?