Симпозиумот е во коорганизација на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје под покровителство на International Society for Horticultural Sciences (ISHS).
Покрај Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, на свеченото отворање поздравно обраќање ќе има Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Арјанит Хоџа како и претставници од FAO и ISHS.
Воведничари се реномираните професори Јуксел Тузел од Универзитетот Еге во Измир, Турција и Даниел Лесковар од Истражувачкиот центар за Земјоделство и машинство од САД. Работниот јазик е англиски.

Како што сте веројатно информирани, во други прилики, учеството на ваквите настани подразбира релативно високи котизации. Овој пат, решивме да ги отвориме вратите за да може да следат што поголем број заинтересирани.
Симпозиумот ќе можете да го следите преку Yоu-Tube каналот. Љубезно Ве молиме да го пополните формуларот на следниот линк: https://ishs8.org/registration/ за да Ви испратиме технички информации за Вашето приклучување на Симпозиумот.
Со задоволство Ве очекуваме на VIII Симпозиум на Југо-Источна Европа за зеленчук и компир.
